Summer Performance како завршен перформанс на летото во Анастасија Центар

Summer Performance како завршен перформанс на летото во Анастасија Центар

На 31.08.19 беше направена продукција на летната сезона, односно завршен перформанс Summer Performance за деца и возрасни во Анастасија Центар. Различни изразни средства, многу емоции, длабоки мисли на големи и мали...

Пеење, танц, рецитал, инклузија на деца со попречености, интеракција со публика беа основа на овој перформанс.
Кореограф на современ танц и вокален педагог беше Стефанија Милевска, кореограф на ориентален танц - Наталија Алешкина, а костимиограф - Анастасија Зулевска.

Заклучокот кој го донесе публиката беше љубовта и енергијата што се пренесува преку движењето, говорот и песната, заедничкиот спој на сите учесници без разлика на возраста. Симбиоза на вокал и движење се основните елементи кои ги користи Анастасија Центар за да постигне ослободување, израз, а воедно и самолекување кај учесниците артисти.
Како Центар за изведба кој има за цел да сполотува, ова беше уште една потврда за долгогодишната работа со талентирани деца, млади и возрасни на кои им се овозможува да ја пренесат својата порака и да ги живеат сопствените соништа во сопствениот град.

Сцена: Анастасија Центар

Фотографии: Ивона Кочов

Повелете и посетете го нашиот уникатен Центар кој се наоѓа во срцето на Битола!

Leave a Reply

Close Menu