Роденденски перформанс| 3 години Анастасија Центар

Роденденски перформанс| 3 години Анастасија Центар

Performance 3 – Anastasija Center 

Роденденски перформанс во Анастасија Центар – ТРИ
Среда / 11.03. / 20 ч.

Три години се создаваат млади уметници – перформери, кои денес креираат сопствени движења, даваат идеи, имаат свој став, имаат свое мислење.
Како младите перформери ќе влијаат на вашето секојдневие, проверете и самите…

33 минутен перформанс кој прави паралела на 3 различни мотиви.
Бројот три се поврзува со светото тројство и за сфаќањата на минатото, сегашноста и иднината, а исто така и со висината, должината и ширината. Бројот три е триаголник.

Тие кои се под влијание на овој број покажуваат цврстина, слобода, иноваторство, убедлив шарм. Чувствуваат животна радост и ентузијазам. Секогаш покажуваат оптимизам и проблемите кај нив немаат долгорочно влијание…

Учесници: Емилија Христовска, Анастасија Јовановска, Сања Лазаревска, Екатерина Мицевска, Валерија Костовска, Стефани Мижимаковска

Кореографија: Стефанија Милевска
Идеја: сите учесници

Резервации на тел. 078/292-296

Студиото ,,Анастасија“ датира уште од 1996та година.

А новиот концепт Anastasija Center (Performing arts, Fashion, Dance & Music Center), во таква форма постои од 2017 та година.

 


Преку пеење, танцување, сценско движење, разговори и насоки од страна на музичкиот педагог се влијае врз подобрување на физичкото, менталното и духовното здравје и состојба на лицата со нормален развој и лицата со поречености во развојот.

„Anastasija Center“ и „Center Lounge & Fresh Bar“ се поврзани на неколку нивоа и формираат еден комплетен центар, кој е можност за изградба на една индивидуа која ќе може да функционира самостојно или во група, да развива или да учествува во изградбата на едно поздраво и посвесно општество. 

Leave a Reply

Close Menu