Битола те сакам

,,БИТОЛА ТЕ САКАМ” е проект во чија компонента како подпроект се реализира ,,БИТОЛСКИ ТАЛЕНТИ”.
Се работи за избирање на млади изградени таленти од 4 до 19 години од областа на уметноста, науката, спортот и други таленти. Целта на овој проект е враќање на вистинските вредности кај младата талентирана популација во Битола и Битолската околина, правилна проценка, поддршка и правилно насочување на младите таленти во процесот на нивното професионално усовршување и нивна промоција.