За Нас

Анастасија Центар е центар за изведувачки уметности, музика, танц и мода.
Центар за креативци, таленти, сонувачи и остварувачи од сите возрасти, во градот на Конзулите – Битола. 
Датира од 1997ма година како модно студио, подоцна и како студио за модерен балет ,,Анастасија”,
оформено од модната дизајнерка и историчар на уметност, Анастасија Зулевска.
Во 2017та година, прераснува во креативен центар,
кој вклучува пеење и музички инструменти, започнува музичка и танцова терапија за лица со попречености, Flow & Movement Concept на тренинзи,
а дел од центарот е и музичката продукција “Welcome to Stefanija’s Music World”.
Уметнички директор на центарот е дипл. музиколог по поп и џез музика, музички артист,
Стефанија Милевска Враниќ,
која моментално посетува магистерски студии на отсек методологија и педагогија на современ танц. 

Активности кои се организирани од страна на „Анастасија“

Музички видео запис на Ања – „За нас“

Музички видео записи и промоција на музичкиот албум на Стефанија „Девојчето со долгата коса“

 „Иновација“ музичко – танцов перформанс за возрасни

 Mузички концерт „После дождот доаѓа сонце“

 Модна ревија Бесконечност/ Infinity – Анастасија Зулевска

 Инклузивен Мјузикл со авторска музика „Исцелител“, по повод
25 години уметнички центар за мода, музика и танц „Анастасија“

Учество на државни и меѓународни натпревари и освоени 1, 2 и 3ти места со школата за танц и пеење.

Музички и танцови перформанси – 10, 15 и 20 годишнина на модното студио и студиото за модерен балет „Анастасија”

Летни и зимски перформанси: новогодишни перформанси на сцената на Анастасија Центар, летни перформанси на Широк Сокак – „Сила на Слободата“, Anastasija Center Show.

Организатор на “ТАНЦУВАЈ – Без предрасуди”, по повод интернационалниот ден на танцот.

„Битола Те Сакам“ 2014 – избор на битолски таленти.

50тина модни ревии (1996-/) со учество на околу 100 деца во секоја од нив, а воедно презентирање на уникатни костими.

Перформанси „Ние сме љубов“, „И јас сум Арт“, во кој земаат учество и лица со попречености.

Учество и припрема на сценски настапи за детско – тинејџерски фестивали („Ѕвездички“, „Тралала“, „Сидо“, „Езерски бисери“, „Мегабит“ 1997-2018)

Подготовка на деца за избор на детска Евровизија – изработка на костими и сценски настапи.

Модна ревија и перформанс во универзална сала – „Новото време” 2001.

Избор за најдобро манекенче на Македонија, Скопје 2001.

Учество и организација на маскенбали и карневали во Струмица, Македонија – освоени 1, 2 и 3то место.

“ТАНЦУВАЈ – Без предрасуди” 2015, 2016, 2017 и 2018.

Околу 50тина модни ревии (1996-/) со учество на околу 100 деца во секоја од нив, а воедно презентирање на уникатни костими

Културни настани кои се поврзани со деца и млади – „Битола Те Сакам“ 2014 – избор на битолски таленти;