Музичка и танцова терапија

Музичка и танцова терапија

Музичка и танцова терапија во Анастасија Центар, за лица со попречености, која датира од 2017та година.
Часовите ги интегрира Стефанија Милевска Враниќ (музички педагог, музички терапевт, кореограф, продуцент), која е поборник за правата на лицата со попречености и е основач на музичката и танцова терапија во Анастасија Центар, за прв пат во Битола и регионот. Нејзината инспирација беше израстувањето заедно со нејзиниот брат со церебрална парализа и во негово име е основана оваа активност, согледувајќи ја потребата за посебно внимание на овие лица кои се извор на безразервна љубов и среќа.

Во музичката терапија се работи вокална техника, вежби за пијано, гитара или ударни инструменти. Часовите се индивидуални или во група.

 

 

 

Перформанси