Новости

ПРВО МЕСТО ЗА „ИСЦЕЛИТЕЛ“ НА АНАСТАСИЈА ЦЕНТАР НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ТАНЦОВ НАТПРЕВАР „STAGE INTERNATIONAL DANCE COMPETITION” ВО СКОПЈЕ

ПРВО МЕСТО ЗА „ИСЦЕЛИТЕЛ“ НА АНАСТАСИЈА ЦЕНТАР НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ТАНЦОВ НАТПРЕВАР „STAGE INTERNATIONAL DANCE COMPETITION” ВО СКОПЈЕ

Мјузиклот ,,Исцелител” во продукција на Анастасија Центар со 30 учесници го освои првото место во категорија Мјузикл за деца. Кореографија и музика потпишува Стефанија Милевска Враниќ.

Анастасија Центар дел од музичкиот перформанс на Стефанија и Владимир во Офицерски дом

Анастасија Центар дел од музичкиот перформанс на Стефанија и Владимир во Офицерски дом

Гости на настанот беа Дадони Трампет – на труба, Анастасија Центар – танцов перформанс и вокална изведба на младите пејачки и пејачи. Костимите ги изработи креаторката Анастасија Зулевска. Фотографиите ги потпишува Ивона Кочов.

Уписи во Анастасија Центар 2022/23

Уписи во Анастасија Центар 2022/23

Повикот за уписи е до сите кои сакаат да танцуваат, да пејат и да ја се развиваат во полето на сценската уметност. Исто така се повикуваат сите стари членови кои повторно сакаат да продолжат да бидат дел од Центарот.

Oтворен тренинг со Flow & Movement Concept Training на фестивалот Парко 2047

Oтворен тренинг со Flow & Movement Concept Training на фестивалот Парко 2047

Како дел од овој разнолик фестивал беше и Анастасија Центар со Концептот на тренинзи за возрасни. Овој концепт го активира секој дел од телото и ја подобрува мобилноста, еластичноста, ослободува од стресот, зацврстува, го балансира дишењето и помага за пронаоѓање на сопствениот центар. Тренинзите се наменети за мажи и за жени. Пријатна атмосфера со музика и комбинирани техники на тренинзи кои имаат за цел постигнување на физички и умствен баланс.

Стефанија & Владимир со музички перформанс на Нишвил Џез Фестивалот

Стефанија & Владимир со музички перформанс на Нишвил Џез Фестивалот

Како дел од фестивалот на 12.08.2022 на Младинската Музеј Сцена, со музички-танцов перформанс, настапија Стефанија & Владимир. Танчерките во нивна придружба, Ангела Петровска и Сања Лазаревска се дел од Анастасија Центар (Центар за изведувачки уметности, мода, музика и танц) – Битола. Костимите ги изработи модната дизајнерка Анастасија Зулевска.

Со музички перформанс на „Солстис“ Стефанија и Владимир го празнуваа денот на Музиката

Со музички перформанс на „Солстис“ Стефанија и Владимир го празнуваа денот на Музиката

Вчерашната музичка магија на Широк Сокак пред Киното Манаки, беше музичкиот перформанс на Стефанија и Владимир, збогатено со танцот на заштитните лица на Анастасија Центар (Ангела, Сања, Емилија и Анастасија).

Летна Школа во Анастасија Центар – 2022

Летна Школа во Анастасија Центар – 2022

Во текот на летниот период вратите на Анастасија Центар се отворени за сите љубители на уметноста и спортот.

Школа за музика, танц, концепт на тренинзи, мода.

Музичко студио и изнајмување на простор.