Flow & Movement Concept Training

* Што постигнуваме со Flow & Movement Concept training?

 Активација на секој дел од нашето тело, мобилност, еластичност, зацврстување, ослободување од стресот, контола на дишењето и пронаоѓање на сопствениот центар. Тренинзите се изведуваат во пријатна атмосфера со музика. 

Се користат комбинирани техники од фитнес со сопствена тежина, calisthenics, animal flow, пилатес, јога, танц, капуера, гимнастика, техники на дишење, се со цел постигнување на сопствениот баланс, физички и умствен. Тренинзите се поделени на машки и женски групи.

* програма за слабеење

Програмата за слабеење е за сите возрасти, за машки и женски.
Доколку имате проблеми со килажата и сакате да си го подобрите општото здравје, нашата програма за слабеење со консултации за исхрана е идеална за вас!

Предности на оваа програма во однос со стандарден тренинг:
– индивидуален пристап
– прилагодени вежби
– комбинација на тренинзи каде никогаш нема да ви биде досадно
– брзи резултати
– постојана поддршка и мотивација

Тренинзите ги водат тренери со долгогодишно искуство во спортот, танц и движење, здравиот режим на исхрана.