Денес, на 14.10.2023 од 11:00-14:00 часот, на плоштад Магнолија, се оддржа хуманитарен концерт за Бобан, со цел да му се помогне на овој млад живот и татко на две малолетни деца да се избори и да се излекува.
Анастасија Центар заедно со Стефанија, го поддржа овој настан со музички и танцови точки, па испратија позитивна енергија и надеж за брзо опоравување на Бобан. Телентираните млади пејачки, вокалната група на Анастасија центар настапи со познати хитови, а Стефанија испрати моќни пораки со нејзините авторски песни: После дождот доаѓа сонце, Секој од нас да подари малку љубов, If you want to heal the nation, you don’t need any explanation…












На концертот исто така настапија и Нала бенд, Шабац и Битолски удирачки оркестар заедно со Павел Талевски. Водител на настанот беше Мими Марковски.
Во акцијата се приклучи и Кју Букефал кој овозможи возење со градски пајтон и ОО Црвен Крст – Битола.






Овој настан е иницијација за сите добронамерни граѓани кои можат да донираат за операција, на сметките кои се објавени на настанот.

0 Comments