Стефанија во авангардна креација од креаторката Анастасија и ученичката Тамара на „Креативен ден 2024“

На 1ви Јуни, во кристалната сала на Офицерски Дом, Битола, трета година по ред, се одржа моден настан КРЕАТИВЕН ДЕН 2024, на кој познати Дами ги носеа креациите на средношколци, работени под менторство на модни дизајнери.

Во дизајнот на креаторката Анастасија Зулевска и ученичката Тамара Ѓорѓиевска, оваа година се претстави музичкиот артист, пејачка, перформер и уметнички директор на Анастасија Центар, Дамата, Стефанија Милевска Враниќ. Таа во свој стил со краток моден – танцов перформанс ја подигна атмосферата на високо ниво. Инспирирани од темата ЦВЕТ и од АРТИСТОТ што ја носеше, авангардната креацијата на Анастасија и Тамара, беше колоритен апстракт со разиграни бои, кои пренесуваат, слобода на израз, позитивна енергија и среќа.

Распространетоста на ливада цветна и разиграноста на боите ги долови уметницата Бојана Артиновска, која го наслика долгиот бел фустан, кој беше збогатен со фосфорен фрак и шарени додатоци. Рачно изработените обетки на Ивона Кочов, шминката на Стефанија и фризурата на Андријана Петровска ги надополнија деталите од целосната слика. Слободата на израз и креативноста се заштитен знак на креторката Анастасија, препознатлива по својата уникатност и единственост.

Настанот е во организација на „Продукција Божиловиќ“ заедно со професорките од средно текстилно училиште „Таки Даскало“ од Битола. Темата за креација беше ЦВЕТ. 23 ученици заедно со своите тимови, покрај тимовите од градот домаќин, зедоа учество средношколци и млади дизајнери од Куманово, Кавадарци, Богданци, Прилеп, Штип, Охрид и Ресен.

Фотографии: Ивона Кочов

Новости

Поттикнете го развојот на вашето дете преку танц и пеење! Анастасија Центар – Уписи 2025

Сакате вашето дете да ги развие и реализира своите таленти на повисоко ниво? Танцот и пеењето не само што се забавни, туку се и одличен начин за: ✨ Подобрување на моторичките вештини: Кога децата танцуваат, ги усовршуваат своите физички способности, што е основа за...

Попусти од 50 % за нови уписи во Анастасија Центар

ПОПУСТОТ ОД 50 % ВАЖИ ЗА ПРВИОТ МЕСЕЦ ПРИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ОД 4 ДО 16 ГОДИНИ УПИСОТ ТРАЕ ОД 15.01.2025 - 31.01.2025 СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА ТЕЛЕФОН: 070/477-786, ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА АКТИВНОСТ И ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ЦЕНТАР. НЕ ЈА...

„Празнична магија“ – Музичко-танцов перформанс за деца и млади на Анастасија Центар на Зимска Приказна

Перформансот на Анастасија Центар се одржа на платото на Офицерски дом на 28.12.2024, како дел од Зимската приказна во Битола. Со цел да се создаде незаборавно и емотивно искуство, перформансот „Празнична магија“ ги комбинираше музиката, танцот и вокалното...

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин”

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин"

Анастасија Центар со Вероника Кочов ја отворија самостојната изложба „Монохроматска меланхолија” на Ивона Кочов

Магична вечер на 21.03.2024 во КИЦ на изложбата на препознатливата битолска фотографка Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше крунисано со танцова уметничка порака на Анастасија Центар, преку главната инспирација за делата на Ивона Кочов, нејзината ќерка -...

Роденденско расположение во Анастасија Центар – 27ми роденден на „Анастасија“

Среќен 27ми роденден ,,Анастасија"! Анастасија и Стефанија овој роденден со порака до сите талентирани битолски деца, млади и возрасни: ,,Ве очекуваме во Анастасија Центар заедно да твориме, сонуваме и остваруваме! 27 години го споделуваме нашето искуство, знаење и...

Анастасија Центар танцуваше со љубов за Пелистер на Кошаркарскиот Kуп на Македонија

За забавниот дел на полуфиналето и финалето на националниот кошаркарски Куп, беше задолжена танцовата група на Анастасија Центар, која настапи со 12 точки за време на паузите, под менторство на кореографката Стефанија Милевска Враниќ.

Анастасија Центар во Србија организираше часови за модерен и современ танц за деца

Анастасија Центар од Битола, по втор пат успешно организираше часови за модерен и современ танц за деца од 3ти до 11ти јануари 2024та година. Поврзувањето на двете култури и иницијативата за почеток на Анастасија Центар во Србија е со поддршка на Центарот за...

Промовиран првиот видео запис на Ања Мицевска во Анастасија Центар

На 26ти декември, за време на Новогодишниот концерт во Анастасија Центар, Ања ја имаше својата промоција за песната "За Нас" . Овој настан беше совршена платформа за претставување на нејзиното првенче пред пошироката публика, давајќи и можност да го сподели својот музички талент.

Коментари

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *