На 26ти декември во Анастасија Центар беше одржан Новогодишниот концерт, кој преплави со емоции и беа приготвени многу изненадувања за сите присутни.






Концертот беше збогатен со музички и танцови точки од членовите на хорот и танцовата група на Анастасија Центар, под водство на Стефанија Милевска Враниќ. Беа испеани популарните новогодишни песни: :”Jingle bells”, “All I want for Christmas is you”, “Елко елко”…, изведени со танцови кореографии: “Jingle bells rock”, “Rocking around a Christmas tree”, “Ho ho ho”, “All that jazz”… Празнична атмосфера која ја одбележа плодотворната работа во текот на изминатата година и се поставија желби за новата година што доаѓа.












Исто така беше направена инклузија на лица со аутизам и слепо лице, кои посетуваат музичка и танцова терапија. Иван изведуваше класични композиции на пијано, Јован ја распеа публиката со „Ако одам во Битола“ и „Македонско девојче“, а Вероника во свој стил ја изведе “Diamond’s are girls best friend” и им посака среќна нова 2024та година на сите присутни.



Во текот на концертот беше прославен роденденот на Матеја Стојчевска, долгогодишен член на Центарот, а уште едно изненадување беше промоцијата на првиот видео запис на Ања Мицевска – „За нас“. Анастасија Центар секогаш стои во поддршка на талентираните млади артисти, кои треба да ги следат своите сништа.
За костимите се погрижи Анастасија Зулевска, кореографија и режија прави Стефанија Милевска Враниќ. Музиката ја создава Горан Мицевски, текстот е на Ирена Мирчевска Љац и Јулиа Мицевска. Танчери во видеозаписот се членовите на Анастасија Центар: Матеја Стојчевска, Уна Димовска, Мартина Ристеска, Илина Мартиновска и Дејана Магденовска. Видео продукција – Владимир Бошковски. Видео записот е сниман во просторите на Анастасија Центар.




Прекрасен завршеток на креативната 2023та година на Анастасија Центар. Центарот ги повикува сите кои сакаат да танцуваат, свират и пејат да се придружат од почетокот на новата година.
0 Comments