Роденденска атмосфера во Анастасија Центар

На 11ти март, беше прославен петтиот роденден на центарот за изведувачки уметности, мода, музика и танц, Анастасија Центар. Центарот се наоѓа во Битола и има нова локација, Шар Планина 27 (црн мост).

Многу музика, танци и песни, го одбележаа денот на кој за прв пат беше отворен комплетниот центар како круна на долгогодишното постоење на студиото за манекенство и модерен балет „Анастасија“.

„Анастасија“ датира од 1996та година, како модно студио и студио за модерен балет, а во 2017та година започна со работа центарот за изведувачки уметности „Анастасија Центар“.

По повод 26 години од постоењето, оваа година се подготвува мјузиклот „Healer“.

Анастасија Центар максимално ги акцентира младите таленти и е нивна целосна поддршка.

Програми на центарот:

  • Школа за музика
  • Школа за танц
  • Музичка терапија за лица со поречености
  • Концепт на тренинзи за возрасни „Flow & Movement Concept Training“
  • Модно студио и дизајнирање на облека
  • Музичка и видео продукција Welcome to Stefanija’s Music World

Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница на Анастасија Центар – www.anastasijacenter.com .

Новости

Бесплатен танцов час за деца на 10-ти Јуни! Приклучи се во ЛЕТНАТА ТАНЦОВА ШКОЛА на АНАСТАСИЈА ЦЕНТАР

Летото конечно пристигна, а со него и најзабавниот начин децата да се движат, да се смеат и да склопуваат нови пријателства – нашата Летна Танцова Школа! Драги родители и мали танчери,Имаме супер вест за вас! На 10-ти јуни (вторник) организираме целосно бесплатен...

Креација за сите храбри жени кои се истовремено нежни и силни на Анастасија Зулевска, дизајнер – ментор на Креативен ден 2025

На 28.05.2025 година, во Народен Театар Битола, се одржа Креативен Ден 2025 – под знакот на Ориентот.  На овогодинешниот Креативен Ден, имаше синергија на генерации, вкусови и стилови. Секој тим беше уникатна приказна, составена од дизајнер –...

Со перформансот „Чеиз / Едно моме“ на Стефанија, Бојана Артиновска и Анастасија Центар се отвори Креативен ден 2025

На 28.05.2025 година, во Народен Театар Битола, се одржа Креативен Ден 2025 – под знакот на Ориентот.  Настанот беше отворен со перформансот „Чеиз / Едно моме“ на Стефанија, танчерките од Анастасија Центар и уметницата Бојана Артиновска, каде со боја, танц,...

Aнастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта” на поетесата Јасмина Јошевска

Анастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта" на поетесата Јасмина Јошевска, во креација на креаторката Анастасија Зулевска. Настанот беше од хуманитарен карактер за набавка на апарат за децата со цистична фиброза во Клиниката во...

Поттикнете го развојот на вашето дете преку танц и пеење! Анастасија Центар – Уписи 2025

Сакате вашето дете да ги развие и реализира своите таленти на повисоко ниво? Танцот и пеењето не само што се забавни, туку се и одличен начин за: ✨ Подобрување на моторичките вештини: Кога децата танцуваат, ги усовршуваат своите физички способности, што е основа за...

Попусти од 50 % за нови уписи во Анастасија Центар

ПОПУСТОТ ОД 50 % ВАЖИ ЗА ПРВИОТ МЕСЕЦ ПРИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ОД 4 ДО 16 ГОДИНИ УПИСОТ ТРАЕ ОД 15.01.2025 - 31.01.2025 СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА ТЕЛЕФОН: 070/477-786, ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА АКТИВНОСТ И ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ЦЕНТАР. НЕ ЈА...

„Празнична магија“ – Музичко-танцов перформанс за деца и млади на Анастасија Центар на Зимска Приказна

Перформансот на Анастасија Центар се одржа на платото на Офицерски дом на 28.12.2024, како дел од Зимската приказна во Битола. Со цел да се создаде незаборавно и емотивно искуство, перформансот „Празнична магија“ ги комбинираше музиката, танцот и вокалното...

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин”

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин"

Анастасија Центар со Вероника Кочов ја отворија самостојната изложба „Монохроматска меланхолија” на Ивона Кочов

Магична вечер на 21.03.2024 во КИЦ на изложбата на препознатливата битолска фотографка Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше крунисано со танцова уметничка порака на Анастасија Центар, преку главната инспирација за делата на Ивона Кочов, нејзината ќерка -...

Коментари

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *