
По повод 25 години Центар за изведувачки уметности, мода, музика и танц „Анастасија“, на 05.10.2022 година, во 20ч., во Народен Театар Битола, ќе се одржи мјузиклот „Исцелител“. По тој повод во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, се снимија и преработија 10 авторски песни, од вокалната група на центарот Анастасија. Костимографијата за околу 50 учесници ја изработува креаторката Анастасија Зулевска. Музички секвенци создава Владимир Враниќ. Текстовите се од документарни материјали на самите учесници. Режија, музичка продукција, вокален тренинг и кореографија прави Стефанија Милевска Враниќ.
Во мјузиклот учествуваат околу 50 учесници, деца, млади и возрасни, пејачи и танчери, инструктори, членови на Анастасија Центар. Како дел од настанот ќе бидат вклучени и млади талентирани лица со посебни потреби кои посетуваат редовно часови по пеење, танци и музичка терапија во Анастасија Центар.
Мјузиклот „Исцелител“, повикува на будење за заштита на планетата земја, потсетува дека секој поединец треба да се пронајде себе си, да го прави тоа што навистина го сака и да помага на другите, да работи на личната самосвест и да негува вистински вредности, тогаш тој би бил навистина среќен и би успеал да се излекува себе си. Секој за себе си е „Исцелител“.













Процесот на подготовки за мјузиклот трае една година. Процес на работа од почетници до професионалци. Време посфетено да се совлада текст, да се научат песни, да се снимат и продуцураат песни, да се спреми кореографија, да се синхронизираат сите групи во едно, да се скројат и сошијат модели за секој учесник. Сè направено со многу љубов. Среќни сме што нашиот труд конечно ќе резултира со дело кое ќе остане за генерации понатаму.
Во текот на овие 25 години се создадени огромен број на перформанси во кои се остава посебен печат на уникатност и иновативност. Препознатливост по водење на талентирани млади артисти кои имаат слободен израз. Поразличен пристап во работата со деца и млади, инклузијата на лица со попречености, танцово – музичките перформанси, уникатните костими се само дел од процесот на израстување на овој Центар во сериозна платформа за поддршка на младите уметници во Битола и регионот.
Проектот е поддржан од Министерство за Култура, настанот е поддржан од Општина Битола.
0 Comments