Музички концерт „После дождот доаѓа сонце“ на вокалната група на Анастасија Центар, од класата на дипл. музиколог и поп/џез пејачка Стефанија Милевска Враниќ.
Локација: Анастасија Центар (Шар Планина 27)
Дата: 22.09.23 (Петок)
Време: 19ч.
Влез слободен
Концертот ќе ја опфати комплексноста на активностите кои ги нуди Центарот, со сценска изведба во живо на авторски и преработени песни, со придружба на клавијатура – Иван Стефановски и ударни инструменти – Павел Талевски. Учество во концертот заземаат и талентирани лица со попреченост. Целта е да се афирмираат младите талентирани музичари кои посетуваат редовно часови по пеење во Центарот за изведувачки уметности, мода, музика и танц „Анастасија Центар“од Битола.
Темата „После дождот доаѓа сонце“ потсетува дека секој треба да го прави тоа што навистина го сака, да помага на другите, да работи на личната самосвест, да негува вистински вредности и со позитивна мисла да верува во подобро утре.
Во текот на овие 26 години се создадени огромен број на перформанси во кои се остава посебен печат на уникатност и иновативност. Препознатливост по водење на талентирани млади артисти кои имаат слободен израз. Поразличен пристап во работата со деца и млади, инклузијата на лица со попречености, танцово – музичките перформанси, се само дел од процесот на израстување на овој Центар во сериозна платформа за поддршка на младите уметници во Битола и регионот.
0 Comments