На 12 јуни 2026 година, со почеток во 20 часот, во просторот на Тигре кафе (стара Трикотажа Пелистер), се одржа уникатниот уметнички перформанс „СО:ВРЕМЕ//НОСТ“ – музичка и танцова претстава наменета за деца и млади.



Фотографии: Ивона Кочов
Овој современ сценски проект донесе сосема ново уметничко искуство во градот Битола, обединувајќи ги музиката, танцот, модата и сценскиот перформанс во една креативна целина. Публиката беше воодушевена од енергијата, професионалноста и впечатливата атмосфера која ја создадоа младите изведувачи, препознавајќи го овој настан како нешто различно и досега невидено на битолската културна сцена.



„СО:ВРЕМЕ//НОСТ“ претставува проект со современ израз и квалитет на светски сценски рамки, кој преку иновативен пристап ги поврзува различните уметнички форми и отвора нови можности за развој на културните содржини во Битола. Ваква комбинација на музички перформанс, современ танц, вокална изведба и визуелен сценски концепт досега не е реализирана во градот на овој начин, создавајќи ново поглавје во локалната уметничка продукција. Истотака во секој настан, Анастасија Центар прави инклузија и на лица со попречености, што се добива уште една инклузивна димензија и активно вклучување на сите учесници во хумана мисија.



Зад целокупната идеја, кореографијата и вокалната подготовка стои Стефанија Милевска Враниќ, која преку својата визија создаде простор каде младите таленти можат да се изразат низ уметноста, движењето и музиката.



Во реализацијата на проектот учествуваа:
Кореограф и вокален педагог: Стефанија Милевска Враниќ
Костимограф: Анастасија Зулевска
Танчери: Анастасија Центар
Вокална група и солисти: Welcome to Stefanija’s Music World
„СО:ВРЕМЕ//НОСТ“ остави силен впечаток кај публиката и испрати важна порака – дека Битола има потенцијал за создавање современи уметнички проекти со високи стандарди, кои ги инспирираат децата и младите и ја збогатуваат културната понуда на градот.
Галерија:
































0 Comments