by anastasijacenter | Aug 22, 2022 | Uncategorized
Како дел од овој разнолик фестивал беше и Анастасија Центар со Концептот на тренинзи за возрасни. Овој концепт го активира секој дел од телото и ја подобрува мобилноста, еластичноста, ослободува од стресот, зацврстува, го балансира дишењето и помага за пронаоѓање на сопствениот центар. Тренинзите се наменети за мажи и за жени. Пријатна атмосфера со музика и комбинирани техники на тренинзи кои имаат за цел постигнување на физички и умствен баланс.
by anastasijacenter | Aug 18, 2022 | Uncategorized
Како дел од фестивалот на 12.08.2022 на Младинската Музеј Сцена, со музички-танцов перформанс, настапија Стефанија & Владимир. Танчерките во нивна придружба, Ангела Петровска и Сања Лазаревска се дел од Анастасија Центар (Центар за изведувачки уметности, мода, музика и танц) – Битола. Костимите ги изработи модната дизајнерка Анастасија Зулевска.
by anastasijacenter | Jun 22, 2022 | Uncategorized
Вчерашната музичка магија на Широк Сокак пред Киното Манаки, беше музичкиот перформанс на Стефанија и Владимир, збогатено со танцот на заштитните лица на Анастасија Центар (Ангела, Сања, Емилија и Анастасија).
by anastasijacenter | Jun 19, 2022 | Uncategorized
Во текот на летниот период вратите на Анастасија Центар се отворени за сите љубители на уметноста и спортот.
Школа за музика, танц, концепт на тренинзи, мода.
Музичко студио и изнајмување на простор.
by anastasijacenter | Jun 19, 2022 | Uncategorized
Нови кореографии и награди за Анастасија Центар на IDC Штип.
За кореографијата се погрижи Стефанија Милевска Враниќ, костимите ги изработи Анастасија Зулевска, а фотографиите се на Ивона Кочов.