Анастасија Центар од Битола, по втор пат успешно организираше часови за модерен и современ танц за деца од 3ти до 11ти јануари 2024та година.
Поврзувањето на двете култури и иницијативата за почеток на Анастасија Центар во Србија е со поддршка на Центарот за Култура „Јован Томиќ“ од Нова Варош, Србија, на чело со директорката Михрија Хаџиќ.
Голем интерес за современиот пристап на работа, кој имаше за цел да ги запознае децата со основните техники на модерниот и современиот танц, децата да пронајдат начин како преку движење да ги пренесат своите емоции.
Часовите ги води Стефанија Милевска Враниќ, дипломиран музиколог, уметник и музичар, моментално на магистерски студии за едукација на современ танц. www.stefanijaofficial.com
На овие часови им претходеше и летната работилница која се одржа од 10ти до 13ти август во 2023та година и беше најава за една заедничка соработка на Анастасија Центар со Домот на Култура „Јован Томиќ“ во Нова Варош.
Оваа соработка ќе се продолжи во летниот и зимскиот период, со цел размена на искуства и знаења на децата од Битола и децата од Нова Варош.
0 Comments