На 12.09.2022 во Палатата на Културата во Битола – Офицерски дом, во рамките на “Бит фест“ – офф програмата, се одржа музички перформанс кој ја остави публиката без зборови. Емоциите предизвикани на овој настан траат и се раскажуваат со денови.
Самата тематика на настанот, гостите кои го збогатија, амбиентот и акустиката на просторот, направија оваа вечер публиката да се почувствува посебно.
Стефанија и Владимир оставаат печат на уникатност, топлина, љубов, авторска музика која допира до срцата на слушателите. Мултидисциплинарноста и комплексноста на целиот перформанс ги пренесоа длабоките пораки кои се кријат во самите текстови на песните. Нивната цел е поддршка и соработка со други артисти во областа на музиката и танцот, поради размена и кохезија на уметнички експресии и истражување на нови димензии.
Гости на настанот беа Дадони Трампет – на труба, Анастасија Центар – танцов перформанс и вокална изведба на младите пејачки и пејачи. Костимите ги изработи креаторката Анастасија Зулевска. Фотографиите ги потпишува Ивона Кочов.




















Музичкото дуо „Стефанија и Владимир“ е македонско – српско дуо создадено во 2019та година. Во 2020та година започна процесот на снимање на нивниот музички албум „Трилогија“ на Стефанија и Владимир, кој се состои од 30 песни, и се снима во музичкото студио „Welcome to Stefanija’s Music World. Нивниот печат е електро-поп, рок, блуз и џез музика, со длабоки текстови кои посочуваат кон свесност, танцова експресија и препознатлив моден стил. Тоа е причината за учество на современи танчерки во нивните перформанси.
Во 2021та година започнува промоцијата на аудио и видео записи („Healer”, „Нешто“, „Snow“, „Од душата не ми бегаш“ и „Ми фалиш“) од новиот музички албум, кој е симбол за верба, себеспознавање и вистинска љубов. Нивниот начин на презентација е автентичен, заради искреноста и оригиналноста која се пренесува од секојдневието кон уметноста. Стефанија е главен вокал, композитор, текстописец, аранжер и продуцент, а Владимир се јавува како гитарист, вокал, композитор, текстописец и аранжер. Периодов се доста активни со настапи и на српската сцена како Nisville џез фестивалот, Златар фест, студиски снимања за Muzzik tv во Белград…
Стефанија е професионална џез и поп пејачка, една од основачите на „Анастасија Центар“ Битола (Центар за музика, танц, мода и изведувачка уметност) каде работи како професионален музички педагог и кореограф. Таа е продуцент во музичката и видео продукција Welcome to Stefanija’s Music World, каде го има издадено првиот музички албум „Ретро – Перспектива“ како солист. Владимир е професионален кошаркар и гитарист, кој своето знаење го стекна од познатиот гитарист и композитор Радомир Михаиловиќ – Точак.
0 Comments