На 11.06.2022 година, во Н.У. Центар за култура “Ацо Шопов” Штип, се одржа Интернационалнот танцов натпревар IDC Штип (International Dance Competiton), каде зедоа учество танчерките на Анастасија Центар.



По тој повод беа создадени 5 нови кореографии за сите возрасни групи, со кои освоија четири први места и едно второ место, што е голем успех за битолчанки.






Првата група се претстави со кореографијата „Colors“ – Бои, во која учествуваа: Инес, Јована, Илина, Меланија, Елеонора и Анастасија.






Втората група се претстави со кореографијата „BFF“ – Најдобри пријатели, во која учествуваа: Ева, Матеја, Ема, Софија, Ирина, Анастасија, Илина, Мартина, Јана, Михаела, Доротеа, Каја и Сузана.






Третата група се претстави со кореографијата „Крилја“, во која учествуваа: Матеја, Дејана, Надалина и Вероника.






Четвртата група се претстави со кореографијата „Бејби“, во која учествуваа: Ема, Сања, Екатерина, Глориа и Анастасија.






Петтата кореографија „Аfter rain comes sun“- После дождот доаѓа сонце, ја танцуваше успешното танцово дуо: Екатерина и Сања.
За кореографијата се погрижи Стефанија Милевска Враниќ, костимите ги изработи Анастасија Зулевска, а фотографиите се на Ивона Кочов.

После самиот натпревар се одржа современа танцова работилница водена од Ивана Балабанова.



Здобиеното искуство на танчерките на Анастасија Центар е се поголемо и се спремни да освојуваат големи сцени.
0 Comments