Од Битола до Њујорк – овации за „Иновација“ на Анастасија Центар

Во Народен Театар Битола на 06.11.2023, се одржа премиерата на музичко – танцовиот перформанс на Анастасија Центар, по повод 4ти ноемвири – Ослободувањето на Битола. Позитивниот фидбек и овациите на публиката се највисоката оценка за оваа креација. Нешто што не и се случило на Битола, кое е на висина на сцените во Њујорк, беа дел од коментрите после завршениот перформанс. Бродвеј и слични епитети го крунисаа делото и колку е потребно битолчани да го ценат тоа што го имаат во градот. Сценската изведба беше отворена со акапелната вокална изведба во живо на професионалната музичарка и артист – Стефанија Милевска Враниќ, проследена со звуците на младите талентирани музичари: Јован Ристевски на гитара и Павел Талевски, на тапани, кој воодушеви со своите соло изведби, главната порака ја пренесуваа младите професионални танчери: Екатерина Мицевска, Глориа Петковска, Сања Лазаревска, чија изведба беше во комбинација со возрасите изведувачи: Наташа Апостоловска, Бојана Артиновска, која создаде ново уметничко дело на сцената и Анастасија Зулевска, која покажа дека танцот нема возрасна граница. Сите учесници беа на возраст од 16 – 64 години. Креацијата, инспирацијата и создавањето беа пренесени низ секојдневните животни приказни на креаторите, а иновацијата е таа нематеријална кохезија на двата света, светот на возрасните и младите. Перформансот поентираше со најмалечките три балерини: Ѓорѓијана, Ана и Јована, заедно со детската танцова група на Анастасија Центар, кои ја пренесија пораката: Ние продолжуваме понатаму! Со овој перформанс се пренесува главната мисла со која функционира Анастасија Центар.

Кореографија, режија и музика потпишува Стефанија Милевска Враниќ, а нејзини музички соработници беа: Павел Талевски/ тапани, Владимир Враниќ/ гитара. Костимографија: Анастасија Зулевска, Арт шминка: Бојана Артиновска. Организациска поддршка: волонтерите на Together Macedonia. Фотографии: Ивона Кочов.

Танцовиот перформанс „Иновација“е паралела на два света, кои според емоционалната зрелост и искуство се тотално далечни, а поврзани се редоследно еден по друг. Мотивот е филозофија на животот и неговите вредности.
Паралела на битолски животни приказни, на луѓе кои функционираат, творат и живеат во Битола, место кое е посебно на свој начин.
Свет на возрасни и на млади кои веќе преминуваат во светот на ворасните и имаат безброј неодговорени прашања, за кои возрасните веќе го имаат одговорот, но ја загубиле смислата.
Кога е душата среќна и исполнета? Каков свет оставаат возрасните за младите? Дали тој свет ги воспитува на вистински вредности или на површност и оттуѓеност, пред се оттуѓеност од сопствената душа?
Кога живееш во своето родно место, го правиш тоа што навистина го сакаш и имаш инспирација да твориш, да создаваш и да се радуваш на животот.
На тој начин поврзан со својот корен, со својата душа, ти создаваш иновации. Иновации кои се рефлектираат надалеку и вибрираат додека не постигнат промени во денешното живеење.
Каде се наоѓа иновацијата? Кај младите или возрасните?
Дали сеуште постојат иноватори?
Да го подобриме светот во кој живееме, започнувајќи од себе, пренесувајќи на другите, учејќи ги младите, разбирајќи ги возрасните. Да започнеме од домот свој, од градот свој, од земјата своја.

Новости

Бесплатен танцов час за деца на 10-ти Јуни! Приклучи се во ЛЕТНАТА ТАНЦОВА ШКОЛА на АНАСТАСИЈА ЦЕНТАР

Летото конечно пристигна, а со него и најзабавниот начин децата да се движат, да се смеат и да склопуваат нови пријателства – нашата Летна Танцова Школа! Драги родители и мали танчери,Имаме супер вест за вас! На 10-ти јуни (вторник) организираме целосно бесплатен...

Креација за сите храбри жени кои се истовремено нежни и силни на Анастасија Зулевска, дизајнер – ментор на Креативен ден 2025

На 28.05.2025 година, во Народен Театар Битола, се одржа Креативен Ден 2025 – под знакот на Ориентот.  На овогодинешниот Креативен Ден, имаше синергија на генерации, вкусови и стилови. Секој тим беше уникатна приказна, составена од дизајнер –...

Со перформансот „Чеиз / Едно моме“ на Стефанија, Бојана Артиновска и Анастасија Центар се отвори Креативен ден 2025

На 28.05.2025 година, во Народен Театар Битола, се одржа Креативен Ден 2025 – под знакот на Ориентот.  Настанот беше отворен со перформансот „Чеиз / Едно моме“ на Стефанија, танчерките од Анастасија Центар и уметницата Бојана Артиновска, каде со боја, танц,...

Aнастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта” на поетесата Јасмина Јошевска

Анастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта" на поетесата Јасмина Јошевска, во креација на креаторката Анастасија Зулевска. Настанот беше од хуманитарен карактер за набавка на апарат за децата со цистична фиброза во Клиниката во...

Поттикнете го развојот на вашето дете преку танц и пеење! Анастасија Центар – Уписи 2025

Сакате вашето дете да ги развие и реализира своите таленти на повисоко ниво? Танцот и пеењето не само што се забавни, туку се и одличен начин за: ✨ Подобрување на моторичките вештини: Кога децата танцуваат, ги усовршуваат своите физички способности, што е основа за...

Попусти од 50 % за нови уписи во Анастасија Центар

ПОПУСТОТ ОД 50 % ВАЖИ ЗА ПРВИОТ МЕСЕЦ ПРИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ОД 4 ДО 16 ГОДИНИ УПИСОТ ТРАЕ ОД 15.01.2025 - 31.01.2025 СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА ТЕЛЕФОН: 070/477-786, ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА АКТИВНОСТ И ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ЦЕНТАР. НЕ ЈА...

„Празнична магија“ – Музичко-танцов перформанс за деца и млади на Анастасија Центар на Зимска Приказна

Перформансот на Анастасија Центар се одржа на платото на Офицерски дом на 28.12.2024, како дел од Зимската приказна во Битола. Со цел да се создаде незаборавно и емотивно искуство, перформансот „Празнична магија“ ги комбинираше музиката, танцот и вокалното...

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин”

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин"

Анастасија Центар со Вероника Кочов ја отворија самостојната изложба „Монохроматска меланхолија” на Ивона Кочов

Магична вечер на 21.03.2024 во КИЦ на изложбата на препознатливата битолска фотографка Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше крунисано со танцова уметничка порака на Анастасија Центар, преку главната инспирација за делата на Ивона Кочов, нејзината ќерка -...

Коментари

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *