Oтворен тренинг со Flow & Movement Concept Training на фестивалот Парко 2047

На 21.08.2022 во градскиот парк во Битола, се одржа отворен тренинг со Flow & Movement Concept Training – Анастасија Центар, како дел од фестивалот Парко 2047.

Фестивалот Парко 2047 се одржува за прв пат оваа година и плени со својата разновидност од музички настани на две бини, арт галерии, забавни игри, работилници. Целта на овој фестивал е преку креативност и тимска работа, да создаде платформа за размена на идеи, знаење и забава на едно место.

Како дел од овој разнолик фестивал беше и Анастасија Центар со Концептот на тренинзи за возрасни. Овој концепт го активира секој дел од телото и ја подобрува мобилноста, еластичноста, ослободува од стресот, зацврстува, го балансира дишењето и помага за пронаоѓање на сопствениот центар. Тренинзите се наменети за мажи и за жени. Пријатна атмосфера со музика и комбинирани техники на тренинзи кои имаат за цел постигнување на физички и умствен баланс.

Тренинзите се изведуваат во Анастасија Центар (Шар планина 27, црн мост), термините се три пати неделно.

Во Центарот се одржуваат и други активности: Школа за музика – пеење и свирење на инструменти, танц, манекенство… Повеќе информации на www.anastasijacenter.com

Новости

Бесплатен танцов час за деца на 10-ти Јуни! Приклучи се во ЛЕТНАТА ТАНЦОВА ШКОЛА на АНАСТАСИЈА ЦЕНТАР

Летото конечно пристигна, а со него и најзабавниот начин децата да се движат, да се смеат и да склопуваат нови пријателства – нашата Летна Танцова Школа! Драги родители и мали танчери,Имаме супер вест за вас! На 10-ти јуни (вторник) организираме целосно бесплатен...

Креација за сите храбри жени кои се истовремено нежни и силни на Анастасија Зулевска, дизајнер – ментор на Креативен ден 2025

На 28.05.2025 година, во Народен Театар Битола, се одржа Креативен Ден 2025 – под знакот на Ориентот.  На овогодинешниот Креативен Ден, имаше синергија на генерации, вкусови и стилови. Секој тим беше уникатна приказна, составена од дизајнер –...

Со перформансот „Чеиз / Едно моме“ на Стефанија, Бојана Артиновска и Анастасија Центар се отвори Креативен ден 2025

На 28.05.2025 година, во Народен Театар Битола, се одржа Креативен Ден 2025 – под знакот на Ориентот.  Настанот беше отворен со перформансот „Чеиз / Едно моме“ на Стефанија, танчерките од Анастасија Центар и уметницата Бојана Артиновска, каде со боја, танц,...

Aнастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта” на поетесата Јасмина Јошевска

Анастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта" на поетесата Јасмина Јошевска, во креација на креаторката Анастасија Зулевска. Настанот беше од хуманитарен карактер за набавка на апарат за децата со цистична фиброза во Клиниката во...

Поттикнете го развојот на вашето дете преку танц и пеење! Анастасија Центар – Уписи 2025

Сакате вашето дете да ги развие и реализира своите таленти на повисоко ниво? Танцот и пеењето не само што се забавни, туку се и одличен начин за: ✨ Подобрување на моторичките вештини: Кога децата танцуваат, ги усовршуваат своите физички способности, што е основа за...

Попусти од 50 % за нови уписи во Анастасија Центар

ПОПУСТОТ ОД 50 % ВАЖИ ЗА ПРВИОТ МЕСЕЦ ПРИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ОД 4 ДО 16 ГОДИНИ УПИСОТ ТРАЕ ОД 15.01.2025 - 31.01.2025 СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА ТЕЛЕФОН: 070/477-786, ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА АКТИВНОСТ И ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ЦЕНТАР. НЕ ЈА...

„Празнична магија“ – Музичко-танцов перформанс за деца и млади на Анастасија Центар на Зимска Приказна

Перформансот на Анастасија Центар се одржа на платото на Офицерски дом на 28.12.2024, како дел од Зимската приказна во Битола. Со цел да се создаде незаборавно и емотивно искуство, перформансот „Празнична магија“ ги комбинираше музиката, танцот и вокалното...

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин”

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин"

Анастасија Центар со Вероника Кочов ја отворија самостојната изложба „Монохроматска меланхолија” на Ивона Кочов

Магична вечер на 21.03.2024 во КИЦ на изложбата на препознатливата битолска фотографка Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше крунисано со танцова уметничка порака на Анастасија Центар, преку главната инспирација за делата на Ивона Кочов, нејзината ќерка -...

Коментари

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *