


Перформансот на Анастасија Центар се одржа на платото на Офицерски дом на 28.12.2024, како дел од Зимската приказна во Битола. Со цел да се создаде незаборавно и емотивно искуство, перформансот „Празнична магија“ ги комбинираше музиката, танцот и вокалното изразување во едно уникатно и динамично сценско претставување. Децата танчери, поддржани од музика со етно примеси и вокалната детска група, со новогодишни песни, го пренесија духот на празниците преку современ танц, музика и песна.






Децата танчери изведува современи кореографии, со акцент на емоционален израз, а нивниот танц го веселиот дух кој ги карактеризира празничните моменти. Вокалната детска група изведи песни кои внесија радост и хармонија, со што се изрази духот на празниците и надежта што доаѓа со нив.


Фотографии: Јован Илиевски
0 Comments