ПРВО МЕСТО ЗА „ИСЦЕЛИТЕЛ“ НА АНАСТАСИЈА ЦЕНТАР НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ТАНЦОВ НАТПРЕВАР „STAGE INTERNATIONAL DANCE COMPETITION” ВО СКОПЈЕ

Анастасија Центар ја претставуваше Македонија на Интернационалниот Танцов Натпревар „Stage International dance competition” во Македонската Опера и Балет во Скопје, натпревар на кој учествуваа учесници од повеќе земји: Хрватска, Романија, Србија, Косово, Бугарија, Белгија, Турција, Црна Гора…

Мјузиклот ,,Исцелител” во продукција на Анастасија Центар со 30 учесници го освои првото место во категорија Мјузикл за деца. Кореографија и музика потпишува Стефанија Милевска Враниќ.

314947978 668934121410633 1657269093393875873 n

Изведувачи на песните се вокалната група на Анастасија Центар.

Костимите ги изработи Анастасија Зулевска.

Фотографии – Ивона Кочов

315134157 669333788037333 813075238887010183 n

Анастасија Центар се претстави и со кореографии кои си ги подготвија самите учесници:

Уна – Running up that hill/ 1во место open children, Мартина и Михаела – Believers/ 1во место open children, Јована – Lily /2ро место категорија open mini, Илина – Cry / 3то место lyrical ballet, Матеја и Дејана – Unstoppable/ 4то место contemporary/ modern duo juniors, Надалина – Heart made of stone/ 5то место lyrical ballet junior, Ема – The happiest girl in the world/ 7мо место contemporary/modern children.

Новости

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин”

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин"

Анастасија Центар со Вероника Кочов ја отворија самостојната изложба „Монохроматска меланхолија” на Ивона Кочов

Магична вечер на 21.03.2024 во КИЦ на изложбата на препознатливата битолска фотографка Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше крунисано со танцова уметничка порака на Анастасија Центар, преку главната инспирација за делата на Ивона Кочов, нејзината ќерка -...

Роденденско расположение во Анастасија Центар – 27ми роденден на „Анастасија“

Среќен 27ми роденден ,,Анастасија"! Анастасија и Стефанија овој роденден со порака до сите талентирани битолски деца, млади и возрасни: ,,Ве очекуваме во Анастасија Центар заедно да твориме, сонуваме и остваруваме! 27 години го споделуваме нашето искуство, знаење и...

Анастасија Центар танцуваше со љубов за Пелистер на Кошаркарскиот Kуп на Македонија

За забавниот дел на полуфиналето и финалето на националниот кошаркарски Куп, беше задолжена танцовата група на Анастасија Центар, која настапи со 12 точки за време на паузите, под менторство на кореографката Стефанија Милевска Враниќ.

Анастасија Центар во Србија организираше часови за модерен и современ танц за деца

Анастасија Центар од Битола, по втор пат успешно организираше часови за модерен и современ танц за деца од 3ти до 11ти јануари 2024та година. Поврзувањето на двете култури и иницијативата за почеток на Анастасија Центар во Србија е со поддршка на Центарот за...

Промовиран првиот видео запис на Ања Мицевска во Анастасија Центар

На 26ти декември, за време на Новогодишниот концерт во Анастасија Центар, Ања ја имаше својата промоција за песната "За Нас" . Овој настан беше совршена платформа за претставување на нејзиното првенче пред пошироката публика, давајќи и можност да го сподели својот музички талент.

11 КОРЕОГРАФИИ И МНОГУ НАГРАДИ ЗА АНАСТАСИЈА ЦЕНТАР НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ВО МОБ -„STAGE”

На 18ти ноември во Македонската Опера и Балет се одржа 5то роденденско издание на Интернационалниот танцов натпревар „Stage". На овој натпревар учествуваше и Анастасија Центар, заедно со учесници од Србија, Бугарија, Романија, Хрватска, Белгија, Турција, Косово....

Од Битола до Њујорк – овации за „Иновација“ на Анастасија Центар

Во Народен Театар Битола на 06.11.2023, се одржа премиерата на музичко - танцовиот перформанс на Анастасија Центар, по повод 4ти ноемвири - Ослободувањето на Битола. Позитивниот фидбек и овациите на публиката се највисоката оценка за оваа креација. Нешто што не и...

Коментари

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *