Промовиран првиот видео запис на Ања Мицевска во Анастасија Центар

На 26ти декември, за време на Новогодишниот концерт во Анастасија Центар, Ања ја имаше својата промоција за песната “За Нас” . Овој настан беше совршена платформа за претставување на нејзиното првенче пред пошироката публика, давајќи и можност да го сподели својот музички талент.

Во видео записот покрај Ања учествува и танчерска група од Анастасија Центар: Матеја Стојчевска, Уна Димовска, Дејана Магденовска, Мартина Ристеска и Илина Мартиновска, чија улога во проектот е да го збогатат визуелниот и уметничкиот аспект на песната.

Ања, заедно со талентираниот тим од Анастасија Центар од Битола кој работеше на овој проект, создаде и видео запис за песната “За Нас“. Стефанија Милевска Враниќ стои зад кореографијата, сценариото и режијата, додавајќи дополнителна длабочина и визуелна привлечност на приказната. Нејзината работа со Ања на видео записот за “За Нас” е само уште еден пример за нејзината непоколеблива посветеност кон развојот на младите таленти и промоцијата на нивните дела на поголема сцена и уште еднаш покажа дека е најголемиот поддржувач на млади таленти и уметници од  Македонија.

Особено внимание заслужува костимографијата, дело на Анастасија Зулевска, моден креатор од Битола. Нејзината креативност и способност да креира визуелни приказни кои ги дополнуваат музичките тонови е евидентна во секој детал од облеката на уметниците.

“За Нас“, музичкото првенче на младата Ања Мицевска од Битола, е вистинска оддаденост на младешката енергија и креативност. На само 13 години, Ања со зрелост и професионализам го истражува светот на музиката, давајќи ни прекрасна урбана приказна за првата љубов, првиот занес и тие слатки копнежи кои се присутни во периодот на тинејџерските години. Чувствата кои го следат зачекорувањето во светот на возрасните, во нежен стил, се пренесени во текстот напишан од Ирена Мирчевска Љац и Јулиа Мицевска. Нивните зборови совршено ги доловуваат емоциите и предизвиците при преминот од детството кон возрасноста.

Музиката, компонирана од Горан Мицевски Кус, е динамичен прогресив хаус кој веднаш го освојува слушателот. Со својата заразна мелодија и ритам, оваа песна ветува да остане запаметена уште при првото слушање.

Владич Бошковски, задолжен за снимањето и монтажата на видео записот, донесе професионализам и уметничка прецизност во завршниот продукт, кој беше снимен во просториите на Анастасија Центар.

“За Нас“ на Ања е достапна на нејзиниот YouTube канал, каде што може да се преслуша и да се види видео записот, како и на сите дигитални музички платформи. Оваа песна не само што е музички ужиток, туку и вистински светлосен зрак во светот на младите таленти, покажувајќи дека возраста не е пречка за креирање на нешто волшебно и инспиративно.

Новости

Поттикнете го развојот на вашето дете преку танц и пеење! Анастасија Центар – Уписи 2025

Сакате вашето дете да ги развие и реализира своите таленти на повисоко ниво? Танцот и пеењето не само што се забавни, туку се и одличен начин за: ✨ Подобрување на моторичките вештини: Кога децата танцуваат, ги усовршуваат своите физички способности, што е основа за...

Попусти од 50 % за нови уписи во Анастасија Центар

ПОПУСТОТ ОД 50 % ВАЖИ ЗА ПРВИОТ МЕСЕЦ ПРИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ОД 4 ДО 16 ГОДИНИ УПИСОТ ТРАЕ ОД 15.01.2025 - 31.01.2025 СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА ТЕЛЕФОН: 070/477-786, ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА АКТИВНОСТ И ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ЦЕНТАР. НЕ ЈА...

„Празнична магија“ – Музичко-танцов перформанс за деца и млади на Анастасија Центар на Зимска Приказна

Перформансот на Анастасија Центар се одржа на платото на Офицерски дом на 28.12.2024, како дел од Зимската приказна во Битола. Со цел да се создаде незаборавно и емотивно искуство, перформансот „Празнична магија“ ги комбинираше музиката, танцот и вокалното...

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин”

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин"

Анастасија Центар со Вероника Кочов ја отворија самостојната изложба „Монохроматска меланхолија” на Ивона Кочов

Магична вечер на 21.03.2024 во КИЦ на изложбата на препознатливата битолска фотографка Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше крунисано со танцова уметничка порака на Анастасија Центар, преку главната инспирација за делата на Ивона Кочов, нејзината ќерка -...

Роденденско расположение во Анастасија Центар – 27ми роденден на „Анастасија“

Среќен 27ми роденден ,,Анастасија"! Анастасија и Стефанија овој роденден со порака до сите талентирани битолски деца, млади и возрасни: ,,Ве очекуваме во Анастасија Центар заедно да твориме, сонуваме и остваруваме! 27 години го споделуваме нашето искуство, знаење и...

Анастасија Центар танцуваше со љубов за Пелистер на Кошаркарскиот Kуп на Македонија

За забавниот дел на полуфиналето и финалето на националниот кошаркарски Куп, беше задолжена танцовата група на Анастасија Центар, која настапи со 12 точки за време на паузите, под менторство на кореографката Стефанија Милевска Враниќ.

Анастасија Центар во Србија организираше часови за модерен и современ танц за деца

Анастасија Центар од Битола, по втор пат успешно организираше часови за модерен и современ танц за деца од 3ти до 11ти јануари 2024та година. Поврзувањето на двете култури и иницијативата за почеток на Анастасија Центар во Србија е со поддршка на Центарот за...

Коментари

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *