На 11ти март, беше прославен петтиот роденден на центарот за изведувачки уметности, мода, музика и танц, Анастасија Центар. Центарот се наоѓа во Битола и има нова локација, Шар Планина 27 (црн мост).
Многу музика, танци и песни, го одбележаа денот на кој за прв пат беше отворен комплетниот центар како круна на долгогодишното постоење на студиото за манекенство и модерен балет „Анастасија“.
„Анастасија“ датира од 1996та година, како модно студио и студио за модерен балет, а во 2017та година започна со работа центарот за изведувачки уметности „Анастасија Центар“.
По повод 26 години од постоењето, оваа година се подготвува мјузиклот „Healer“.
Анастасија Центар максимално ги акцентира младите таленти и е нивна целосна поддршка.
Програми на центарот:
- Школа за музика
- Школа за танц
- Музичка терапија за лица со поречености
- Концепт на тренинзи за возрасни „Flow & Movement Concept Training“
- Модно студио и дизајнирање на облека
- Музичка и видео продукција Welcome to Stefanija’s Music World
Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница на Анастасија Центар – www.anastasijacenter.com .
0 Comments