Среќен 27ми роденден ,,Анастасија”!


Анастасија и Стефанија овој роденден со порака до сите талентирани битолски деца, млади и возрасни: ,,Ве очекуваме во Анастасија Центар заедно да твориме, сонуваме и остваруваме! 27 години го споделуваме нашето искуство, знаење и ја продолжуваме долгогодишната традиција за зачувување на модата, танцот и музиката на највисоко ниво, со љубов за Битола! Благодарност до сите кои се со нас овие години, растеме заедно!“






Анастасија Центар е центар за изведувачки уметности, музика, танц и мода. Центар за креативци, таленти, сонувачи и остварувачи од сите возрасти, во градот на Конзулите – Битола. Датира од 1997ма година како модно студио, подоцна и како студио за модерен балет ,,Анастасија”, оформено од модната дизајнерка и историчар на уметност, Анастасија Зулевска. Во 2017та година, прераснува во креативен центар, кој вклучува пеење и музички инструменти, започнува музичка и танцова терапија за лица со попречености, Flow & Movement Concept на тренинзи, а дел од центарот е и музичката продукција “Welcome to Stefanija’s Music World”. Уметнички директор на центарот е дипл. музиколог по поп и џез музика, Стефанија Милевска Враниќ, музички артист, која моментално посетува магистерски студии за методологија и педагогија на современ танц.



Роденденски кадри во Анастасија Центар од објективот на Ивона Кочов.
Галерија:









0 Comments