Со „Танцувај – Без предрасуди“, Анастасија Центар го одбележа денот на танцот

,,Танцувај – Без предрасуди” 2022

Анастасија Центар со отворен час во Градскиот Парк во Битола, го одбележа Интернационалниот ден на танцот (29.04.). Отворениот час беше од информативен карактер за начинот и пристапот на кој работи Центарот, повикувајќи ги сите заинтересирани да се приклучат на ова музичко – танцово доживување.

Традиционално секоја година, пред пандемијата, Центарот беше организатор на голем танцов хепенинг на Широк Сокак. На тој хепенинг заземаа учество сите танцови школи на град Битола, како и основните и средни училишта со своја танцова точка.

Целта на „Танцувај- Без предрасуди“ е да се подигнува свеста за вредноста на танцот, кој е линк помеѓу уметноста и спортот. Освен тоа што припаѓа на уметноста, тој е дел од нашето секојдневие, односно танц е секое наше движење дури и се сместува во спорт. Историски е докажано дека танцот е алатка со која се послужил народот за да ги изразе своите чувства, а воедно и да се дружи. Децата преку игра споделуваат искуства и другаруваат, а преку танцот ги пренесуваат своите емоции. Танцот е јазик на кој може да општува целиот свет . Сакаме да ги разрушиме бариерите и предрасудите, на родителите во Битола, за децата кои имаат талент и желба да танцуваат и да ги поддржат – танцот да стане нивна професија. Исто така сакаме да ја мотивираме машката популација во Битола да почне да танцува без предрасуди од самата околина.

Центарот е отворен за сите заинтересирани и прима членови во текот на целата година.

Повеќе информации на https://anastasijacenter.com/tancuvaj/ или на https://www.facebook.com/ANASTASIJACENTER .

Новости

Поттикнете го развојот на вашето дете преку танц и пеење! Анастасија Центар – Уписи 2025

Сакате вашето дете да ги развие и реализира своите таленти на повисоко ниво? Танцот и пеењето не само што се забавни, туку се и одличен начин за: ✨ Подобрување на моторичките вештини: Кога децата танцуваат, ги усовршуваат своите физички способности, што е основа за...

Попусти од 50 % за нови уписи во Анастасија Центар

ПОПУСТОТ ОД 50 % ВАЖИ ЗА ПРВИОТ МЕСЕЦ ПРИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ОД 4 ДО 16 ГОДИНИ УПИСОТ ТРАЕ ОД 15.01.2025 - 31.01.2025 СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА ТЕЛЕФОН: 070/477-786, ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА АКТИВНОСТ И ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ЦЕНТАР. НЕ ЈА...

„Празнична магија“ – Музичко-танцов перформанс за деца и млади на Анастасија Центар на Зимска Приказна

Перформансот на Анастасија Центар се одржа на платото на Офицерски дом на 28.12.2024, како дел од Зимската приказна во Битола. Со цел да се создаде незаборавно и емотивно искуство, перформансот „Празнична магија“ ги комбинираше музиката, танцот и вокалното...

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин”

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин"

Анастасија Центар со Вероника Кочов ја отворија самостојната изложба „Монохроматска меланхолија” на Ивона Кочов

Магична вечер на 21.03.2024 во КИЦ на изложбата на препознатливата битолска фотографка Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше крунисано со танцова уметничка порака на Анастасија Центар, преку главната инспирација за делата на Ивона Кочов, нејзината ќерка -...

Роденденско расположение во Анастасија Центар – 27ми роденден на „Анастасија“

Среќен 27ми роденден ,,Анастасија"! Анастасија и Стефанија овој роденден со порака до сите талентирани битолски деца, млади и возрасни: ,,Ве очекуваме во Анастасија Центар заедно да твориме, сонуваме и остваруваме! 27 години го споделуваме нашето искуство, знаење и...

Анастасија Центар танцуваше со љубов за Пелистер на Кошаркарскиот Kуп на Македонија

За забавниот дел на полуфиналето и финалето на националниот кошаркарски Куп, беше задолжена танцовата група на Анастасија Центар, која настапи со 12 точки за време на паузите, под менторство на кореографката Стефанија Милевска Враниќ.

Анастасија Центар во Србија организираше часови за модерен и современ танц за деца

Анастасија Центар од Битола, по втор пат успешно организираше часови за модерен и современ танц за деца од 3ти до 11ти јануари 2024та година. Поврзувањето на двете култури и иницијативата за почеток на Анастасија Центар во Србија е со поддршка на Центарот за...

Промовиран првиот видео запис на Ања Мицевска во Анастасија Центар

На 26ти декември, за време на Новогодишниот концерт во Анастасија Центар, Ања ја имаше својата промоција за песната "За Нас" . Овој настан беше совршена платформа за претставување на нејзиното првенче пред пошироката публика, давајќи и можност да го сподели својот музички талент.

Коментари

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *