Третиот роденден на Анастасија Центар прославен со креативниот Перформанс – Три

Третиот роденден на Анастасија Центар беше прославен со креативен перформанс – ТРИ. 

На 11ти март, сцената на Анастасија Центар беше целосно превземена од талентираните млади уметници – перформери и учесници: Емилија Христовска, Анастасија Јовановска, Сања Лазаревска, Екатерина Мицевска, Валерија Костовска, Стефани Мижимаковска, кои  креираа сопствени движења, даваа идеи, пишуваа свои авторски текстови. Кореографијата и режијата беа на Стефанија Милевска.
Костимите ги креираше Анастасија Зулевска. А фотографиите ги направи Ивона Кочов.

33 минутен перформанс кој направи паралела на 3 различни мотиви: Љубов, Слобода, Среќа.
Бројот три беше поврзан со светото тројство и со сфаќањата за минатото, сегашноста и иднината. 

Изненадување беа малечките танчерки кои се појавија на крајот од перформансот со цел да го зачуваме детето во нас, преку пораката: „Она мало дете во тебе што пее, е тоа што си СРЕЌЕН“.

Верувајќи дека тие кои се под влијание на овој број покажуваат цврстина, слобода, иноваторство, убедлив шарм, чувствуваат животна радост и ентузијазам. Дека секогаш покажуваат оптимизам и проблемите кај нив немаат долгорочно влијание, танчерките перформери на Анастасија Центар тацуваа со целосна убедливост на овие мотиви. 

,,Звукот на мелодијата продира низ мене, навлегува длабоко во моето тело, придвижувајќи ме, го исцртува мојот животен пат.
А ритамот пак го следи отчукувањето на моето срце и така се исцртува мојата љубов.
Човекот ја твори музиката, а таа го создава неговиот живот.” – Емилија Христовска

,,Добри дела на земјата – чекори до рај.
Живееме хипнотизирано.
Се подготвуваме за големиот час кога нашиот живот конечно ќе започне, а се повеќе се сомневаме дека тој час воопшто нема да дојде.
Годините си минуваат и денес – утре, животот поминал.
За да стигнеш до рајот треба труд, бидејќи сите луѓе и јас треба да се одвикнеме од лошите мисли.” – Анастасија Јовановска 

,,Светот на музиката е полн со љубов и среќа.
Биди дел од неа.
Ќе бидеш слободен како птица, ќе полеташ и ќе ја шириш твојата мудрост.
Никогаш не е доцна да го промениш начинот на живеење. Музиката ни го разубавува животот. Позитивната мисла го променува секој твој чекор, збор и секоја твоја постапка. Затоа отвори нова страница и стани дел од овој свет.” – Стефани Мижимаковска

,,Среќата му е потребна на секого. И тогаш кога ја немаш пробај да ја пронајдеш и потоа задржи ја. Бори се за неа.
Нема да зажалиш ако имаш широка насмевка на твоето лице. Пробај да пронајдеш среќа во тагата, светлина во темнината, насмевни се кога ти е најтешко, само така ќе бидеш среќен, а животот ќе ти биде полесен.” Сања Лазаревска 

,,Во неа ја гледам мојата моќ, како во кристална кугла.
Ми дава сила да бидам тоа што сум. Таа моќ ме обзема и ме заслепува со својот интензитет.
Кога ќе го откриеш тоа што вистински го сакаш, држи го цврсто, со двете раце и не дозволувај му на друг да ти го земе!” – Екатерина Мицевска

,,Танцот ослободува … Ти го трга превезот од очите и те враќа во реалноста. Танцовата енергија има неверојатна сила, неверојатна моќ.
Те носи на возвишени места.
Ти го допира срцето и станува центар на твојот универзум. Танцувај слободно … Мисли слободно … Секогаш !” – Валерија Костовска  

Новости

Бесплатен танцов час за деца на 10-ти Јуни! Приклучи се во ЛЕТНАТА ТАНЦОВА ШКОЛА на АНАСТАСИЈА ЦЕНТАР

Летото конечно пристигна, а со него и најзабавниот начин децата да се движат, да се смеат и да склопуваат нови пријателства – нашата Летна Танцова Школа! Драги родители и мали танчери,Имаме супер вест за вас! На 10-ти јуни (вторник) организираме целосно бесплатен...

Креација за сите храбри жени кои се истовремено нежни и силни на Анастасија Зулевска, дизајнер – ментор на Креативен ден 2025

На 28.05.2025 година, во Народен Театар Битола, се одржа Креативен Ден 2025 – под знакот на Ориентот.  На овогодинешниот Креативен Ден, имаше синергија на генерации, вкусови и стилови. Секој тим беше уникатна приказна, составена од дизајнер –...

Со перформансот „Чеиз / Едно моме“ на Стефанија, Бојана Артиновска и Анастасија Центар се отвори Креативен ден 2025

На 28.05.2025 година, во Народен Театар Битола, се одржа Креативен Ден 2025 – под знакот на Ориентот.  Настанот беше отворен со перформансот „Чеиз / Едно моме“ на Стефанија, танчерките од Анастасија Центар и уметницата Бојана Артиновска, каде со боја, танц,...

Aнастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта” на поетесата Јасмина Јошевска

Анастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта" на поетесата Јасмина Јошевска, во креација на креаторката Анастасија Зулевска. Настанот беше од хуманитарен карактер за набавка на апарат за децата со цистична фиброза во Клиниката во...

Поттикнете го развојот на вашето дете преку танц и пеење! Анастасија Центар – Уписи 2025

Сакате вашето дете да ги развие и реализира своите таленти на повисоко ниво? Танцот и пеењето не само што се забавни, туку се и одличен начин за: ✨ Подобрување на моторичките вештини: Кога децата танцуваат, ги усовршуваат своите физички способности, што е основа за...

Попусти од 50 % за нови уписи во Анастасија Центар

ПОПУСТОТ ОД 50 % ВАЖИ ЗА ПРВИОТ МЕСЕЦ ПРИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ОД 4 ДО 16 ГОДИНИ УПИСОТ ТРАЕ ОД 15.01.2025 - 31.01.2025 СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА ТЕЛЕФОН: 070/477-786, ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА АКТИВНОСТ И ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ЦЕНТАР. НЕ ЈА...

„Празнична магија“ – Музичко-танцов перформанс за деца и млади на Анастасија Центар на Зимска Приказна

Перформансот на Анастасија Центар се одржа на платото на Офицерски дом на 28.12.2024, како дел од Зимската приказна во Битола. Со цел да се создаде незаборавно и емотивно искуство, перформансот „Празнична магија“ ги комбинираше музиката, танцот и вокалното...

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин”

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин"

Анастасија Центар со Вероника Кочов ја отворија самостојната изложба „Монохроматска меланхолија” на Ивона Кочов

Магична вечер на 21.03.2024 во КИЦ на изложбата на препознатливата битолска фотографка Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше крунисано со танцова уметничка порака на Анастасија Центар, преку главната инспирација за делата на Ивона Кочов, нејзината ќерка -...

Коментари

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *