Анастасија Центар е собралиште на сите креативци, таленти, сонувачи и остварувачи.
Уникатен центар за изведувачки уметности, музика, танц, мода и концепт на тренинзи во Битола.

„Анастасија“ датира од 1996та година, како модно студио и студио за модерен балет. Во 2017та година започна со работа центарот за изведувачки уметности „Анастасија Центар“, кој се создаде како круна на 20 годишното постоење.
По повод 25 годишнината од постоењето на центарот, моментално се подготвува мјузикл „Исцелител“, во кој заземаат учество сите членови на „Анастасија“. Песните се снимаат во музичкото студио „Welcome to Stefanija’s Music World“, кое е во склоп на Центарот. Подготовките се во тек со часови за пеење, танцови кореографии, глума и сценско движење, часови по гитара и пијано. За самиот мјузикл се подготвуваат уникатни модни парчиња за сите учесници. Мјузиклот ќе се одржи во првата половина на месец октомври 2022 година.
Повикот за уписи е до сите кои сакаат да танцуваат, да пејат и да ја се развиваат во полето на сценската уметност. Исто така се повикуваат сите стари членови кои повторно сакаат да продолжат да бидат дел од Центарот.
Ве очекуваме, заедно да креираме и да создаваме нови дела.
Бидете дел од нас!
Локација – Шар Планина 27, Битола (Црн мост)
Контакт – 070/477-786












0 Comments