
На 28ми јуни, во кристалната сала на Офицерски Дом Битола, се одржа модната ревија „Бесконечност“/Infinity на креаторката Анастасија Зулевска. Љубителите на модата уживаа во новите модни креации. На модната ревија беа презетирани три колекции по 15 уникатни модели: двете колекции беа составени од спортски тренерки, кои се повеќе наменски поради својата уникатност. Тие можат да се носат и на спортските терени но и во секојдневието, затоа што се прилагодени за денски и вечерни активности; другата колекција е составена од сценски/ свечени модели или уникатни парчиња кои се наменети за настапи и изведби на сцена. Секое парче е изработено со посебен печат и изразена индивидуалност. Помеѓу претставувањето на колекциите беше изведен перформанс од танцови сола на Сања Лазаревска и Ема Величковска. Моделите ги презентираа млади манекенки, но исто така гости беа и искусните манекени Стефанија Милевска Враниќ и Александар Златановски.
Спој на спортски стил и модерна елеганција. Следејќи ја модната традиција оваа ревија ќе даде допринос во уникатноста и визуелниот изглед на битолчани, вешто избегнувајќи ги модните трендови кои ја искривуваат сликата на вистинските вредности.
Фризурите ги стилизираше Андријана Петровска, фризерско студио Арија. Шминката беше дело на Стефанија Стојчевска. Диџеј на настанот беше Стефан Милевски. Видео продукција – Саше Богоевски, Creative Production. Фотографиите се на Ивона Кочов и Димитар Ристевски. Часовите по манекенство и подготовките се изведуваа во Анастасија Центар.
Импресиите на публиката навестија дека стилот на Анастасија е модниот „Ин“ на иднината.
Брендот на Анастасија наскоро ќе започне со продажба на уникатни парчиња.
Галерија:






















































0 Comments