На 28.05.2025 година, во Народен Театар Битола, се одржа Креативен Ден 2025 – под знакот на Ориентот. На овогодинешниот Креативен Ден, имаше синергија на генерации, вкусови и стилови. Секој тим беше уникатна приказна, составена од дизајнер – ментор, ученик – талент во подем и една вистинска дама, за која креацијата беше создадена – според нејзиниот сензибилитет, стил и дух.


Тим бр. 8 : Модел – Ирена Димовска – Митревска, дизајнерка- Анастасија Зулевска, ученичка – Јамур Али.



„Овој модел не претставува само една конкретна земја од Истокот, туку претставува сублимација на повеќе источни култури и стилови. Со црната боја и чистите, класични линии, моделот ја претставува жената како симбол на грациозност и елеганција. Златните детали носат порака на сила и моќ, асоцирајќи на жена борец – лидер по природа. Кралската сина боја е симбол на достоинство, интелигенција и амбиција, и ја прикажува жената како носител на промени и општествена одговорност. Ова е модел посветен на храбрите жени – оние што се истовремено нежни и силни, убави и мудри, и кои се темел и инспирација и во семејството и во општеството.“ – Анастасија Зулевска, моден дизајнер.



Дизајнерите дизајнира заедно со младите од текстилниот отсек во средните училишта низ Македонија. Учествуваа 32 екипи од 11 градови, 9 стручни училишта. Секој тим се состоеше од: талентиран ученик од стручно модно училиште, дизајнер-ментор, кој ги води низ креативните и техничките аспекти на процесот и успешна жена – Дама – која, претставувајќи ја финалната креација на модната писта, ја покажува својата општествено, социјална одговорност, јавно им го признава стекнатото знаење и вештини на младата генерација дизајнери и креативци.
Фотографии- Ивона Кочов
0 Comments