Роденденско расположение во Анастасија Центар – 27ми роденден на „Анастасија“

Среќен 27ми роденден ,,Анастасија”!????????

Анастасија и Стефанија овој роденден со порака до сите талентирани битолски деца, млади и возрасни: ,,Ве очекуваме во Анастасија Центар заедно да твориме, сонуваме и остваруваме! 27 години го споделуваме нашето искуство, знаење и ја продолжуваме долгогодишната традиција за зачувување на модата, танцот и музиката на највисоко ниво, со љубов за Битола! Благодарност до сите кои се со нас овие години, растеме заедно!“ ❤️????????

Анастасија Центар е центар за изведувачки уметности, музика, танц и мода. Центар за креативци, таленти, сонувачи и остварувачи од сите возрасти, во градот на Конзулите – Битола.  Датира од 1997ма година како модно студио, подоцна и како студио за модерен балет ,,Анастасија”, оформено од модната дизајнерка и историчар на уметност, Анастасија Зулевска. Во 2017та година, прераснува во креативен центар, кој вклучува пеење и музички инструменти, започнува музичка и танцова терапија за лица со попречености, Flow & Movement Concept на тренинзи, а дел од центарот е и музичката продукција “Welcome to Stefanija’s Music World”. Уметнички директор на центарот е дипл. музиколог по поп и џез музика, Стефанија Милевска Враниќ, музички артист, која моментално посетува магистерски студии за методологија и педагогија на современ танц. 

Роденденски кадри во Анастасија Центар од објективот на Ивона Кочов.

Галерија:

Новости

Анастасија Центар со Вероника Кочов ја отворија самостојната изложба „Монохроматска меланхолија” на Ивона Кочов

Магична вечер на 21.03.2024 во КИЦ на изложбата на препознатливата битолска фотографка Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше крунисано со танцова уметничка порака на Анастасија Центар, преку главната инспирација за делата на Ивона Кочов, нејзината ќерка -...

Анастасија Центар танцуваше со љубов за Пелистер на Кошаркарскиот Kуп на Македонија

За забавниот дел на полуфиналето и финалето на националниот кошаркарски Куп, беше задолжена танцовата група на Анастасија Центар, која настапи со 12 точки за време на паузите, под менторство на кореографката Стефанија Милевска Враниќ.

Анастасија Центар во Србија организираше часови за модерен и современ танц за деца

Анастасија Центар од Битола, по втор пат успешно организираше часови за модерен и современ танц за деца од 3ти до 11ти јануари 2024та година. Поврзувањето на двете култури и иницијативата за почеток на Анастасија Центар во Србија е со поддршка на Центарот за...

Промовиран првиот видео запис на Ања Мицевска во Анастасија Центар

На 26ти декември, за време на Новогодишниот концерт во Анастасија Центар, Ања ја имаше својата промоција за песната "За Нас" . Овој настан беше совршена платформа за претставување на нејзиното првенче пред пошироката публика, давајќи и можност да го сподели својот музички талент.

11 КОРЕОГРАФИИ И МНОГУ НАГРАДИ ЗА АНАСТАСИЈА ЦЕНТАР НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ВО МОБ -„STAGE”

На 18ти ноември во Македонската Опера и Балет се одржа 5то роденденско издание на Интернационалниот танцов натпревар „Stage". На овој натпревар учествуваше и Анастасија Центар, заедно со учесници од Србија, Бугарија, Романија, Хрватска, Белгија, Турција, Косово....

Од Битола до Њујорк – овации за „Иновација“ на Анастасија Центар

Во Народен Театар Битола на 06.11.2023, се одржа премиерата на музичко - танцовиот перформанс на Анастасија Центар, по повод 4ти ноемвири - Ослободувањето на Битола. Позитивниот фидбек и овациите на публиката се највисоката оценка за оваа креација. Нешто што не и...

,,Иновација” – музички и танцов перформанс на Анастасија Центар со премиера во Народен театар Битола

Сите битолчани, љубители на уметноста, ќе имаат прилика на 06.11. во понеделник од 20ч., во Народен Театар Битола, да присуствуваат на премиерното издание на музичко - танцовиот перформанс ,,Иновација" на Анастасија Центар. Кореографија, режија и музика потпишува...

Битолските таленти пееја, свиреа и танцуваа со љубов за Бобан

Денес, на 14.10.2023 од 11:00-14:00 часот, на плоштад Магнолија, се оддржа хуманитарен концерт за Бобан, со цел да му се помогне на овој млад живот и татко на две малолетни деца да се избори и да се излекува. Анастасија Центар заедно со Стефанија, го поддржа овој...

Таленти и многу љубов на концертот „После дождот доаѓа сонце“ во Анастасија Центар

На 22ри септември во Анастасија Центар се одржа музичкиот концерт „После дождот доаѓа сонце“ на вокалната група Анастасија Центар, од класата на дипл. музиколог и поп/џез пејачка Стефанија Милевска Враниќ. Силниот аплауз и позитивната енергија, беа одговор на...

Коментари

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *