Со перформансот „Чеиз / Едно моме“ на Стефанија, Бојана Артиновска и Анастасија Центар се отвори Креативен ден 2025

На 28.05.2025 година, во Народен Театар Битола, се одржа Креативен Ден 2025 – под знакот на Ориентот.  Настанот беше отворен со перформансот „Чеиз / Едно моме“ на Стефанија, танчерките од Анастасија Центар и уметницата Бојана Артиновска, каде со боја, танц, музика и пред се почит, се исплети женската меморија за љубов, труд и тишина вткаени во македонската традиција. Секоја нишка носи зборови што не се изговорени, туку вткаени од жените, пренесувани низ генерации од баби, мајки и ќерки. Секој бод, секој мотив на везот носи порака – за плодност, за среќа, за заедништво. Чеизот е наследство, духовна сила и културна меморија која се пренесува низ генерации.

Уметницата Бојана Артиновска, преку современ перформанс заедно со танчерите на Анастасија Центар, со својата четка, ја оживува оваа женска приказна – создадена пред огниште, со песна, ткаење и љубов.

Преку вокалната изведба на Стефанија, делото проговори за жената како чуварка на домот, идентитетот и историјата, но и како тивка уметница што во секое парче ткаенина ја вплетува својата душа. Песната „Едно моме“ е музичка врска на генерациите, помеѓу корените и модерното време.

Елекот и футата се креација на Анастасија Зулевска, кои потоа беа целосно насликани од Бојана Артиновска. Музиката на „Чеиз“  е дело на Амон дур студио, Игор Темелковски. Танчери учесници од Анастасија Центар: Матеја, Уна, Тамара, Ема, Јована, Невена. Кореографија потпишува Стефанија Милевска Враниќ.

Се создаде миг каде што традицијата проговори: Чеизот останува жив – во секоја жена што твори од љубов.

„Уметност што дише со мода – момент за паметење од Креативен Ден 2025

Оваа година, Креативен Ден доби уште една уметничка димензија. Во еден исклучителен момент, сцената стана живо платно, каде се преплетоа музиката, движењето и сликарството, низ призма што ја слави женската енергија, стилот и индивидуалноста. На сцената настапи Стефанија Милевска Враниќ– уметница со глас и емоција што продира. Заедно со неа, младите танчерки од Анастасија Центар ѝ дадоа тело на музиката – динамика, ритам, нежност и сила. И токму во тој миг, сликарката Бојана Артиновска  создаваше дело во живо – платно инспирирано од движењето, музиката, модата и женственоста. Одлучивме да ги поканиме затоа што тие се жени што ја живеат уметноста, и ја внесуваат модата, текстилот, облекувањето – како симболика, боја, текстура и порака – во сè што создаваат. Тие го разубавија настанот, но и нè потсетија: дека модата е повеќе од облека, таа е искажување, движење, глас, став. Благодарност до Стефанија, Анастасија Центар и уметницата Бојана – за овој неповторлив момент што ќе остане врежан во сеќавањата на сите присутни. “ – Изјава на организаторката Весна Божиловиќ, чија продукција прослави 20 години постоење.

На овогодинешниот четврти Креативен Ден, имаше синергија на генерации, вкусови и стилови. Секој тим со своја уникатна приказна, составена од дизајнер – менторученик – талент во подем и една вистинска дама, за која креацијата беше создадена – според нејзиниот сензибилитет, стил и дух.

Фотографии – Ивона Кочов

Новости

Бесплатен танцов час за деца на 10-ти Јуни! Приклучи се во ЛЕТНАТА ТАНЦОВА ШКОЛА на АНАСТАСИЈА ЦЕНТАР

Летото конечно пристигна, а со него и најзабавниот начин децата да се движат, да се смеат и да склопуваат нови пријателства – нашата Летна Танцова Школа! Драги родители и мали танчери,Имаме супер вест за вас! На 10-ти јуни (вторник) организираме целосно бесплатен...

Креација за сите храбри жени кои се истовремено нежни и силни на Анастасија Зулевска, дизајнер – ментор на Креативен ден 2025

На 28.05.2025 година, во Народен Театар Битола, се одржа Креативен Ден 2025 – под знакот на Ориентот.  На овогодинешниот Креативен Ден, имаше синергија на генерации, вкусови и стилови. Секој тим беше уникатна приказна, составена од дизајнер –...

Aнастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта” на поетесата Јасмина Јошевска

Анастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта" на поетесата Јасмина Јошевска, во креација на креаторката Анастасија Зулевска. Настанот беше од хуманитарен карактер за набавка на апарат за децата со цистична фиброза во Клиниката во...

Поттикнете го развојот на вашето дете преку танц и пеење! Анастасија Центар – Уписи 2025

Сакате вашето дете да ги развие и реализира своите таленти на повисоко ниво? Танцот и пеењето не само што се забавни, туку се и одличен начин за: ✨ Подобрување на моторичките вештини: Кога децата танцуваат, ги усовршуваат своите физички способности, што е основа за...

Попусти од 50 % за нови уписи во Анастасија Центар

ПОПУСТОТ ОД 50 % ВАЖИ ЗА ПРВИОТ МЕСЕЦ ПРИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ОД 4 ДО 16 ГОДИНИ УПИСОТ ТРАЕ ОД 15.01.2025 - 31.01.2025 СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА ТЕЛЕФОН: 070/477-786, ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА АКТИВНОСТ И ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ЦЕНТАР. НЕ ЈА...

„Празнична магија“ – Музичко-танцов перформанс за деца и млади на Анастасија Центар на Зимска Приказна

Перформансот на Анастасија Центар се одржа на платото на Офицерски дом на 28.12.2024, како дел од Зимската приказна во Битола. Со цел да се создаде незаборавно и емотивно искуство, перформансот „Празнична магија“ ги комбинираше музиката, танцот и вокалното...

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин”

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин"

Анастасија Центар со Вероника Кочов ја отворија самостојната изложба „Монохроматска меланхолија” на Ивона Кочов

Магична вечер на 21.03.2024 во КИЦ на изложбата на препознатливата битолска фотографка Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше крунисано со танцова уметничка порака на Анастасија Центар, преку главната инспирација за делата на Ивона Кочов, нејзината ќерка -...

Роденденско расположение во Анастасија Центар – 27ми роденден на „Анастасија“

Среќен 27ми роденден ,,Анастасија"! Анастасија и Стефанија овој роденден со порака до сите талентирани битолски деца, млади и возрасни: ,,Ве очекуваме во Анастасија Центар заедно да твориме, сонуваме и остваруваме! 27 години го споделуваме нашето искуство, знаење и...

Коментари

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *