Анастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта” на поетесата Јасмина Јошевска, во креација на креаторката Анастасија Зулевска.



Настанот беше од хуманитарен карактер за набавка на апарат за децата со цистична фиброза во Клиниката во Скопје. „Анатомија на речта“ е нејзината 11 објавена книга која го одразува автентичниот глас на современата македонска поезија. Сите учесници добија благодарници и поклони за учество и придонес на овој трет нејзин хуманитарен настан.



Настанот се одржа во недела на 06.04.2025, во хотел Лимак Скопје, кој беше одложен поради немилиот настан со групата ДНК и сите жртви во Кочани. „Почетокот на промоцијата беше посветен на жртвите од Кочани и групата ДНК кои загинаа во страотниот пожар, а со тоа им оддадов почит на луѓето кои требаше да бидат дел од тој настан на претходно договорена дата и заедно да го славиме мојот роденен. Достојно се надевам тивко и гласно повикав за многубројност за да можам ова дело да го направам пристојно“, изјави Јасмина.



0 Comments