„Here comes the sun“ од Битлси препеана по Битолски од Вокалната детска група на Анастасија Центар

„Време е да нѝ се насмевне сонцето, затоа му испеавме песна!“ – Анастасија Центар

Битолските чупиња ( Уна, Илина, Доротеа, Михаела, Мартина, Јована, Марија, Ема и Ева) од Анастасија Центар, во ретро стил ја опеваат “Here comes the sun“ , од легендарниот англиски бенд Битлси (The_Beatles) .

Песната е изведена од вокалната детска група на Анастасија Центар, со Вокален педагог – Stefanija Milevska Vranić, Музичка и видео продукција – Welcome to Stefanija’s Music World, Гитари – Vladimir Vranić , снимање, микс, мастеринг и видео монтажа – Стефанија, Локација – Анастасија Центар.

„Here comes the sun“ e песна која ја враќа надежта после долгата зимска меланхолија. Да погледнеме во сонцето и на светлата страна од животот. Да сѐ радуваме, да сѐ дружиме, да сѐ смееме, да танцуваме, да свириме и да пееме. – Анастасија Центар

Целта на Центарот е да ги зачува вистинските вредности, да ја негува културата и музиката на високо ниво кај младите во Битола, како темел за нивно понатамошно развивање во професионални артисти и вистински личности.

Центарот за изведувачки уметности, мода, музика и танц – Анастасија, периодов е во подготовка на видео мјузиклот „Healer“ – Исцелител, по повод 25 годишен јубилеј. Oчекувајте доста уметнички активности од страна на младите талентирани уметници кои посетуваат часови во Анастасија Центар.

До тогаш слушајте ја новата преработка и останете со широка насмевка и позитивна енергија!☀️

Битола, Општина Битола, Пелагониски СР, 7000, Северна Македонија

Новости

Aнастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта” на поетесата Јасмина Јошевска

Анастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта" на поетесата Јасмина Јошевска, во креација на креаторката Анастасија Зулевска. Настанот беше од хуманитарен карактер за набавка на апарат за децата со цистична фиброза во Клиниката во...

Поттикнете го развојот на вашето дете преку танц и пеење! Анастасија Центар – Уписи 2025

Сакате вашето дете да ги развие и реализира своите таленти на повисоко ниво? Танцот и пеењето не само што се забавни, туку се и одличен начин за: ✨ Подобрување на моторичките вештини: Кога децата танцуваат, ги усовршуваат своите физички способности, што е основа за...

Попусти од 50 % за нови уписи во Анастасија Центар

ПОПУСТОТ ОД 50 % ВАЖИ ЗА ПРВИОТ МЕСЕЦ ПРИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ОД 4 ДО 16 ГОДИНИ УПИСОТ ТРАЕ ОД 15.01.2025 - 31.01.2025 СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА ТЕЛЕФОН: 070/477-786, ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА АКТИВНОСТ И ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ЦЕНТАР. НЕ ЈА...

„Празнична магија“ – Музичко-танцов перформанс за деца и млади на Анастасија Центар на Зимска Приказна

Перформансот на Анастасија Центар се одржа на платото на Офицерски дом на 28.12.2024, како дел од Зимската приказна во Битола. Со цел да се создаде незаборавно и емотивно искуство, перформансот „Празнична магија“ ги комбинираше музиката, танцот и вокалното...

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин”

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин"

Анастасија Центар со Вероника Кочов ја отворија самостојната изложба „Монохроматска меланхолија” на Ивона Кочов

Магична вечер на 21.03.2024 во КИЦ на изложбата на препознатливата битолска фотографка Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше крунисано со танцова уметничка порака на Анастасија Центар, преку главната инспирација за делата на Ивона Кочов, нејзината ќерка -...

Роденденско расположение во Анастасија Центар – 27ми роденден на „Анастасија“

Среќен 27ми роденден ,,Анастасија"! Анастасија и Стефанија овој роденден со порака до сите талентирани битолски деца, млади и возрасни: ,,Ве очекуваме во Анастасија Центар заедно да твориме, сонуваме и остваруваме! 27 години го споделуваме нашето искуство, знаење и...

Анастасија Центар танцуваше со љубов за Пелистер на Кошаркарскиот Kуп на Македонија

За забавниот дел на полуфиналето и финалето на националниот кошаркарски Куп, беше задолжена танцовата група на Анастасија Центар, која настапи со 12 точки за време на паузите, под менторство на кореографката Стефанија Милевска Враниќ.

Анастасија Центар во Србија организираше часови за модерен и современ танц за деца

Анастасија Центар од Битола, по втор пат успешно организираше часови за модерен и современ танц за деца од 3ти до 11ти јануари 2024та година. Поврзувањето на двете култури и иницијативата за почеток на Анастасија Центар во Србија е со поддршка на Центарот за...

Коментари

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *