Во изминатите три дена од 15-17ти февруари, салата „Боро Чурелвски“ Битола, беше центарот на македонската елитна кошарка, каде најдобрите осум екипи се бореа за големиот пехар во националниот Куп, кој е насловен според македонската кошаркарска легенда „Благоја Георгиевски-Буштур“. По пауза од цели 15 години, екипата на Пелистер од Битола, беше учесник во големото финале на националниот Куп.
Оганизацијата на турнирот за поддршка на Пелистер, беше на високо ниво. За забавниот дел на полуфиналето и финалето на националниот Куп, беше задолжена танцовата група на Анастасија Центар, која настапи со 12 точки за време на паузите, под менторство на кореографката Стефанија Милевска Враниќ.
На полувремето беше изведена и новата песна „За нас“ на пејачката Ања Мицевска, која е дел од Анастасија Центар. Со ова нивно учество, се потврдува дека спортот и културата се во неразделна врска.
Младите осознаа каква спортска историја поседува Битола и што значи да се биде дел од неа, па затоа со цела љубов и позитивна енергија ги бодреа кошаркарите на Пелистер, кои за жал им фалеше повеќе среќа да го освојат Купот. Но таа сплотеност на градот се пренесе на младите и со сигурност еден ден ќе резултира со позитивни плодови.
Пелистер во срцето те носиме – Анастасија Центар!
Благодарност до Јелена Јанкуловска и Дејан Кузмановски за фотографиите!
0 Comments