Таленти и многу љубов на концертот „После дождот доаѓа сонце“ во Анастасија Центар

На 22ри септември во Анастасија Центар се одржа музичкиот концерт „После дождот доаѓа сонце“ на вокалната група Анастасија Центар, од класата на дипл. музиколог и поп/џез пејачка Стефанија Милевска Враниќ.

Силниот аплауз и позитивната енергија, беа одговор на публиката, после настапите на талентираните пејачи.

Како солисти настапија Ема, Мартина, Ева, Илина, Бисера, Уна, Иван и Стефанија, на клавијатура свиреше Иван Стефановски и на кахон Павел Талевски.


Концертот ја опфати комплексноста на активностите кои ги нуди Центарот, со сценска изведба во живо на авторски песни и преработени поп, рок и џез хитови. Целта е да се афирмираат младите талентирани музичари кои посетуваат редовно часови по пеење во Центарот за изведувачки уметности, мода, музика и танц „Анастасија Центар“од Битола.


Овој концерт ја одбележа и долгогодишната инклузивна работа на Центарот со лица со атипичен развој. Иван Стефановски, кој има аутизам, долги години креативно твори, се едуцира и е заштитно лице на Анастасија Центар. Неговиот успех и напредок, беше прославен со самиот концерт и со најтопли поздрави, беше испратен на студии во Словенија.

Темата „После дождот доаѓа сонце“ потсетува дека секој треба да го прави тоа што навистина го сака, да помага на другите, да работи на личната самосвест, да негува вистински вредности и со позитивна мисла да верува во подобро утре.
Во текот на овие 26 години се создадени огромен број на перформанси во кои се остава посебен печат на уникатност и иновативност. Препознатливост по водење на талентирани млади артисти кои имаат слободен израз. Поразличен пристап во работата со деца и млади, инклузијата на лица со попречености, танцово – музичките перформанси, се само дел од процесот на израстување на овој Центар во сериозна платформа за поддршка на младите уметници во Битола и регионот.

Новости

Aнастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта” на поетесата Јасмина Јошевска

Анастасија Центар беше дел од промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта" на поетесата Јасмина Јошевска, во креација на креаторката Анастасија Зулевска. Настанот беше од хуманитарен карактер за набавка на апарат за децата со цистична фиброза во Клиниката во...

Поттикнете го развојот на вашето дете преку танц и пеење! Анастасија Центар – Уписи 2025

Сакате вашето дете да ги развие и реализира своите таленти на повисоко ниво? Танцот и пеењето не само што се забавни, туку се и одличен начин за: ✨ Подобрување на моторичките вештини: Кога децата танцуваат, ги усовршуваат своите физички способности, што е основа за...

Попусти од 50 % за нови уписи во Анастасија Центар

ПОПУСТОТ ОД 50 % ВАЖИ ЗА ПРВИОТ МЕСЕЦ ПРИ УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ОД 4 ДО 16 ГОДИНИ УПИСОТ ТРАЕ ОД 15.01.2025 - 31.01.2025 СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА ТЕЛЕФОН: 070/477-786, ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА АКТИВНОСТ И ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ЦЕНТАР. НЕ ЈА...

„Празнична магија“ – Музичко-танцов перформанс за деца и млади на Анастасија Центар на Зимска Приказна

Перформансот на Анастасија Центар се одржа на платото на Офицерски дом на 28.12.2024, како дел од Зимската приказна во Битола. Со цел да се создаде незаборавно и емотивно искуство, перформансот „Празнична магија“ ги комбинираше музиката, танцот и вокалното...

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин”

Специјална награда и прво место со освоени максимални 100 бода за децата од Анастасија Центар, на Интернационалниот фестивал ,,Арт Ин"

Анастасија Центар со Вероника Кочов ја отворија самостојната изложба „Монохроматска меланхолија” на Ивона Кочов

Магична вечер на 21.03.2024 во КИЦ на изложбата на препознатливата битолска фотографка Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше крунисано со танцова уметничка порака на Анастасија Центар, преку главната инспирација за делата на Ивона Кочов, нејзината ќерка -...

Роденденско расположение во Анастасија Центар – 27ми роденден на „Анастасија“

Среќен 27ми роденден ,,Анастасија"! Анастасија и Стефанија овој роденден со порака до сите талентирани битолски деца, млади и возрасни: ,,Ве очекуваме во Анастасија Центар заедно да твориме, сонуваме и остваруваме! 27 години го споделуваме нашето искуство, знаење и...

Анастасија Центар танцуваше со љубов за Пелистер на Кошаркарскиот Kуп на Македонија

За забавниот дел на полуфиналето и финалето на националниот кошаркарски Куп, беше задолжена танцовата група на Анастасија Центар, која настапи со 12 точки за време на паузите, под менторство на кореографката Стефанија Милевска Враниќ.

Анастасија Центар во Србија организираше часови за модерен и современ танц за деца

Анастасија Центар од Битола, по втор пат успешно организираше часови за модерен и современ танц за деца од 3ти до 11ти јануари 2024та година. Поврзувањето на двете култури и иницијативата за почеток на Анастасија Центар во Србија е со поддршка на Центарот за...

Коментари

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *