
Отворен викенд со активности во Анастасија Центар по повод вториот роденден








„Анастасија“ датира од 1996та година, како модно студио и студио за модерен балет. Во 2017та година започна со работа центарот за изведувачки уметности „Анастасија Центар“, со локација на Широк Сокак 61, кој се создаде како круна на 20 годишното постоење. Се изведуваат активности поврзани со музика, танц, мода и изведувачки уметности, без ограничување на возраст.
Анастасија Центар е собралиште на сите креативци, таленти, сонувачи и остварувачи. Уникатно и модерно место во центарот на град Битола.
Основна цел на Анастасија Центар е да се подигнува свеста на младите и да добиваат уметничко знаење, кое ќе ги подобри нивните перформанси и ќе ги насочи во сите понатамошни сфери на нивното професионално дејствување.









Отворен викенд со активности во Анастасија Центар и Center – Lounge & Fresh Bar, кој славеше 1 година од своето постоење. Активен викенд , активни два спрата со позитивна енергија, музика , мода и танци. Вратите беа отворени за сите кои се заинтересирани за здравје и култура. Во духот на битолската култура на овој начин се иницира возобновување на водилките кон вистинскиот пат и се зацврстуваат темелите на вистинските вредности.
Работилници по современ, џез и модерен балет со Стефанија, ориентални танци со Наталија Алешкина Талевска, пијано со Билјана Трајковска и поп/рок/ џез пеење со Стефанија.
Модна инсталација на уникатни костими на дизајнерката – Анастасија Зулевска Милевска.
Пижама Sleep Over Party и Караоке забава.
Проекција на архивски видеа од 22 годишната работа на студиото „Анастасија“ ( модни ревии, перформанси, фестивали, настапи)




Center – Lounge & Fresh Bar спроведе работилница за деца и млади за здравата исрана. Едукација како сами да си подготват доручек и да водат грижа за своето тело.






Фотографии: Зага Продукција
0 Comments