На 31.08.19 беше направена продукција на летната сезона, односно
завршен перформанс Summer Performance за деца и возрасни во Анастасија Центар. Различни изразни средства, многу емоции, длабоки мисли на големи и мали…
Пеење, танц, рецитал, инклузија на деца со попречености, интеракција со публика беа основа на овој перформанс.
Кореограф на современ танц и вокален педагог беше Стефанија Милевска, кореограф на ориентален танц – Наталија Алешкина, а костимиограф – Анастасија Зулевска.
Заклучокот кој го донесе публиката беше љубовта и енергијата што се пренесува преку движењето, говорот и песната, заедничкиот спој на сите учесници без разлика на возраста. Симбиоза на вокал и движење се основните елементи кои ги користи Анастасија Центар за да постигне ослободување, израз, а воедно и самолекување кај учесниците артисти.
Како Центар за изведба кој има за цел да сполотува, ова беше уште една потврда за долгогодишната работа со талентирани деца, млади и возрасни на кои им се овозможува да ја пренесат својата порака и да ги живеат сопствените соништа во сопствениот град.
Сцена: Анастасија Центар
Фотографии: Ивона Кочов
0 Comments